Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Годинава поднесени 174 кривични пријави, три пати повеќе споредбено со лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Годинава поднесени 174 кривични пријави, три пати повеќе споредбено со лани
Агровести

Николовски: Годинава поднесени 174 кривични пријави, три пати повеќе споредбено со лани

Објавено 13/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Годинава Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело вкупно 174 кривични пријави против 361 физичко лице и 126 правни лица, што е за над три пати повеќе споредбено со минатата година кога биле поднесени 53 кривични пријави против 54 физички лица и 23 правни лица. Станува збор за откриени кривични дела меѓу кои царинска измама, криумчарење, недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дрога и фалсификување исправа. Ова го истакна директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју во „За или против“ на Алфа телевизија.

На прашање дали се откриени нови криминали со возила, директорот потенцира дека годинава до ОЈО и ОЈО ГОКК се поднесени 89 кривични пријави против 69 правни и 230 физички лица поради основано сомневање за сторени криминални дела со вкупно 204 возила.

„Само до ОЈО ГОКК се поднесени 26 кривични пријави против 50 правни и 160 физички лица, за сторени кривични дела со 90 возила. Заедничко за овие случаи е грубото кршење на законските прописи, при што вмешани се царински службеници, шпедиции, увозници, нотари и полициски службеници. Изработувани се фалсификувани документи и возилата се пуштани во слободен промет без да се плати царина и други увозни давачки во целост, односно давачките се делумно плаќани“, истакна Николовски.

Истрагите резултираа и со зголемена наплата на приходи од увоз на возила. Анализата за октомври, покажува најголем раст на наплатени приходи од увоз на возила, додека на кумулативно ниво, приходите од увоз на возила се на второ место по приходите од увоз на тутун.

Царинска управа

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:кривични пријавиНиколовски
Претходен напис Трипуновски: Со пуштање на електронската испратница, започнува дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор
Следен напис МФ:  Утре ќе се исплати главницата и каматата од втората Граѓанска обврзница, се подготвува проспект за нова
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?