Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Деловен форум „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Деловен форум „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“
Агровести

Деловен форум „Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“

Објавено 11/11/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Поврзување на Швајцарија и Северна Македонија: Деловен раст и партнерства“ е темата на деловниот форум што ќе се одржи денеска во Стопанската комора на Северна Македонија.

Настанот има за цел да поттикне деловна размена, инвестиции и развој на нови партнерства меѓу швајцарските и македонските компании, преку размена на искуства, идеи и визии за иднината на двете економии.

Воведни обраќања ќе имаат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Кристоф Зомер, амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија и Оливер Бертшингер, претседател и извршен директор на Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа – СЕЦ.

Во рамките на форумот ќе се дискутира за пазарните изгледи и можности за влез на швајцарскиот пазар, правните аспекти и трговските спогодби меѓу двете држави, како и за потенцијалот за нови инвестиции, технолошка соработка и извозни иницијативи.

Како што се наведува во најавата за настанот, на панел-дискусијата за потенцијалот за бизнис, трговија и инвестиции меѓу Северна Македонија и Швајцарија ќе учествуваат д-р Андреј Вчковски, основач и поранешен главен извршен директор на Netcetera и член на Одборот на директори на Switzerland Global Enterprise, Димитар Цветковски, претседател на Одборот на директори на Макстил АД и Дуферко СА, Игор Тодорчевски, генерален директор на Alkaloidpharm Corp. (Швајцарија) и Даниел Матракоски, експерт за меѓународна соработка во СКСМ.

Настанот е заеднички организиран од Стопанската комора на Северна Македонија и Стопанската комора на Швајцарија и Средна Европа (СЕЦ), со поддршка на Амбасадата на Швајцарија во Скопје. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Деловен форумСеверна МакедонијаШвајцарија
Претходен напис УХМР: Локални врнежи претпладне, до крајот на денот стабилизирање на времето
Следен напис АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?