Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трајков: Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо, тоа е добро за компаниите, институциите, а пред се за граѓаните!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трајков: Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо, тоа е добро за компаниите, институциите, а пред се за граѓаните!
АгровестиЕУ

Трајков: Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо, тоа е добро за компаниите, институциите, а пред се за граѓаните!

Објавено 10/11/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо, а крајниот исход ќе го почувствуваат компаниите, институциите, а пред се граѓаните, истакнала заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков на денешната панел дискусијата во Стопанската Комора посветена на „Планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда-зошто се важни за бизнис секторот?“.

Пред европските претставници и бизнис заедницата, како што соопшти Министерството за европски прашања, заменик-министерката Трајков нагласила дека Планот за раст има за цел намалување на економските диспаритети меѓу земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, а преку тоа и да овозможи подобрување на животот на граѓаните и подобрување на стандардите во сите сфери од живеењето.

-Владата посветува големо внимание на спроведување на зацртаните чекори во Реформската агенда, која што сме ја презеле како обврска и која се надевам ќе ја спроведеме доследно и во целост. Финансиската помош предвидена со Реформската агенда, сепак, не е подарок. Таа зависи од нашата подготвеност да сработиме за да може да продолжиме напред. Секоја реформа ќе биде плус на нашето салдо, а крајниот исход ќе го почуствуваат компаниите, институциите, а пред се-граѓаните, истакнала Трајков пред присутните во Стопанската Комора.

Таа потсетила дека за да се почувствуваат бенефитите, ќе мора сите да работиме заедно и здружено, бидејќи само така можеме да одиме напред и само така ќе бележиме успеси на патот кон ЕУ.

Заменик-министерката за европски прашања,  истакнала дека нашата земја е првата во регионот која ги доби средствата за претфинансирање во рамките на Инструментот за реформи од вкупно предвидените 750 милиони евра, за поддршка на инвестициски проекти, како и за поддршка на реформските процеси, кои се насочени кон зајакнување на економската интеграција.

-Предвидени се и конкретни цели во делот за деловното опкружување, а овде би спомнала само некои во интерес на времето, меѓу кои: олеснување на пристап до заеми за малите и средни претпријатија, надминување на административните бариери, поефикасен режим и транспарентност во врска со државната помош, справување со неформалната економија…  Листата на поставените реформски цели е долга, дел од овие цели ги спроведовме, а дел остануваат да се спроведат во периодот што следува, нагласила Трајков.

Заменик-министерката потсетила дека од неодамна и официјално почна со примена Единствената зона за плаќања во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА под исти услови како и во ЕУ. Со тоа, како што се наведува во соопштението, олеснети се и плаќањата за компаниите кон странски партнери, со што се стимулира извозот и се отвора простор за нови вработувања. 

…

…

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Викторија Трајковграѓаниинституцииреформа
Претходен напис Донесена одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата
Следен напис Дизелот поскапува за еден, а бензините за половина денар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?