Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мило Ѓукановиќ во „Бизнис-клуб плус“: „Инфраструктурата е значаен фактор за развој на државата и за привлекување странски инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мило Ѓукановиќ во „Бизнис-клуб плус“: „Инфраструктурата е значаен фактор за развој на државата и за привлекување странски инвестиции
Агровести

Мило Ѓукановиќ во „Бизнис-клуб плус“: „Инфраструктурата е значаен фактор за развој на државата и за привлекување странски инвестиции

Објавено 10/11/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 „Инфраструктурата е предуслов за инвестиции и за развој затоа што ако инвеститорот согледа дека вложувате во инфраструктурата, ве препознава како сериозен партнер“, истакна Мило Ѓукановиќ, поранешен премиер и претседател на Црна Гора и стопанственик, во најновата епизода на поткастот „Бизнис-клуб плус“ со Бранко Азески. Разговорот даде важен аналитички осврт на економските последици од инфраструктурните инвестиции, стратешките предизвици на евроинтеграциите и на потребата од партнерство меѓу државата и бизнис-секторот како услов за одржлив економски развој.

Зборувајќи за привлекувањето странски инвестиции како двигател на економскиот раст и развој на државата, Ѓукановиќ истакна дека, и покрај сите државни мерки и стимулативни политики за привлекување странски инвестиции, првите поголеми инвестиции почнале да пристигнуваат откако започнала изградбата на автопатската инфраструктура. Според него, развиената патна инфраструктура, протокот на стоки и услуги, ниските даночни стапки и уредените имотноправни односи претставуваат суштински услови за создавање соодветна инвестициска клима. Во тој контекст објасни дека државата го рационализирала управувањето со воените објекти и со инфраструктурата поради јасната сопственичка структура. Но, исто така, нагласи дека странските инвеститори сакаат и предвидлива политика на Владата.

Во разговорот се осврна и на процесите со проширувањето на Европската Унија и на предизвиците со кои се соочуваат државите од Западен Балкан, особено за Црна Гора и за Македонија. Потцрта дека недоволната динамика на проширување и одложените одлуки на ЕУ создадоа простор за геополитички влијанија во регионот, што претставува ризик за стабилноста на Европа.

Во продолжение на поткастот Ѓукановиќ направи компаративна анализа меѓу поранешниот југословенски економски систем и европскиот модел на пазарна економија, а се осврна и на причините за распадот на Југославија, како што се дезинтеграциската тенденција, економската криза во 90-тите години и крајот на Студената војна, по што се појави потребата од длабоки економски реформи за да се направи државата конкурентна. Ѓукановиќ нагласи дека Југославија, за разлика од другите источноевропски земји, како држава не ја искористила шансата за приклучување кон Европската Унија поради различните општественоекономски концепти: државна економија на самоуправни односи и на заеднички договори и затворен пазар во рамките на државата, наспроти пазарна економија и отворен економски пазар.

Запрашан какви се перспективите за Западен Балкан, тој потенцираше дека интеграцијата во Европската Унија претставува стратешка нужност, но нагласи дека земјите од Западен Балкан мора да си ги исполнат реформските обврски и да покажат политичка зрелост, бидејќи не верува дека ќе ни прогледаат низ прсти ниту, пак, дека ќе нѐ примат преку ред. Според него, земјите кои биле примени преку ред, поради некои геополитички односи, органски не припаѓаат во Европската Унија и додаде:

„Мора да ги исполниме домашните обврски, односно земјите на Западен Балкан да ги довршат реформите што ги започнале за да се искористи расположението на Европската Унија за завршување на процесот на проширување. Но, тоа бара посветеност. За Западен Балкан би било погубно продолжувањето на процесот на самоизолација затоа што културно и културолошки припаѓаме во Европа.“

Според него, Европската Унија направила геополитичка грешка со одложувањето на проширувањето и оставањето на Западен Балкан надвор од европските влијанија, затоа што балканската криза која би настанала би била сериозен проблем и за Европската Унија.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бизнис-клуб плусМило Ѓукановиќстрански инвестициифактор
Претходен напис Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен
Следен напис УХМР: До крајот на неделата стабилно и суво, со пониски утрински температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?