Новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, меѓу фармерите, попознат како Правилник за продажба од куќен праг почна да се применува од септември 2019 година.
Станува збор за многу важен подзаконски акт кој директно дава решение за продажба на производи од животинско потекло и има за цел олеснување на продажбата на производи од животинско потекло односно фармерите да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да задоволат одредени хигиенски критериуми.
Директно снабдување на крајниот потрошувач на мали количини свежа риба
Максималното количество на уловена риба за консумирање со директно снабдување на крајниот потрошувач од страна на примарниот производител не треба да надмине 1000 килограми годишно.
Ставање во промет на свежа комзумна риба може да се врши од примарни производители – риболовци, одгледувачи на риба и од страна на лица кои имаат договор за концесија на стопански риболов.
Примарниот производител ги евидентира податоците за количината на уловена и произведена риба по видови на риба и испорачаната риба за да се обезбеди следливост на испорачаната риба.
Примарните производители подлежат на регистрација од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
За да се стави рибата во промет потребно е да се исполнети следните услови:
- Да не потекнува од води кои се забранети за улов поради болест или контаминација;
- е во добра општа здравствена состојба и не покажуваат знаци на заразни болести;
- не е третирана или хранета со неодобрени препарати или супстанции и се почитува периодот на каренца при употреба на дозволени ветеринарно-медицински препарати;
- при уловот, биде соодветно заштитена од контаминација од надворешната средина; и
- опремата и приборот кои доаѓаат во контакт со уловената риба да бидат чисти и добро одржувани.
Ставање во промет на свежа конзумна риба
Рибата по уловот треба да се прифати во риболовен пункт – објект за прифаќање и привремено складирање на риба или транспортно средство опремено со контејнери за транспорт на жива риба, односно систем за ладење или производство на мраз.
Објектот за прифаќање и привремено складирање на свежа конзумна риба, треба да биде регистриран од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Рибата од објектот за прифаќање и привремено складирање може да се стави во промет на територијата на целата држава.
Операторите кои вршат ставање во промет на свежа конзумна риба треба во работата да применуваат правила за добра производствена и хигиенска пракса.
Објектот за прифаќање и привремено складирање на риба треба да има минимум:
- просторија за прифаќање на уловената риба;
- простор за обработка, доколку се врши отстранување на глава, перки и изнутрици;
- простор за привремено складирање на рибата;
- опремата и приборот кои доаѓаат во контакт со риба треба да бидат чисти и добро одржувани;
- опрема за производство на мраз добиен од вода за пиење;
- контејнери и опрема за складирање и транспорт изработени од соодветен материјал, чисти и добро одржувани;
- садови за прифаќање на нус производите; и
- простор за чување на средствата за чистење и дезинфекција.
Потребна документација за регистрација на операторите со храна од животинско потекло
- Барање за регистрација на објект и оператор со храна за примарно производство и преработка на примарни производи од животинско потекло;
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија или копија од лична карта за физички лица;
- Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот /концесија;
- Легитимација за регистарски број на одгледувалиште (РБО);
- Последен попис од одгледувалиште за овци/кози, пчели и свињи;
- Листа на моментални животни од видот говеда;
- Договор склучен со ветеринарно друштво за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните;
- Уверение за здравствен статус на животните за производство на сурово млеко (во однос на бруцелоза и туберкулоза);
- Потврда за соодветно уплатени административни такси.
Потребна документација за одобрување на операторите со храна од животинско потекло
- Барање за одобрување на оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло;
- Доказ за сопственост на објектот (имотен лист) или договор за закуп на деловниот објект;
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
- Доказ за одобрен елаборат за заштита на животната средина (одобрување од страна на Министерство за животна средина);
- Oпис на објектот со шема на сите работни простории со технички опис на опремата и технолошките патишта на производството во размер 1 :100 односно 1:50;
- Техничко технолошки елаборат;
- Потврда за уплатена административна такса и потврда за уплатена висина на надоместок.
