Новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, меѓу фармерите, попознат како Правилник за продажба од куќен праг почна да се применува од септември 2019 година.
Станува збор за многу важен подзаконски акт кој директно дава решение за продажба на производи од животинско потекло и има за цел олеснување на продажбата на производи од животинско потекло односно фармерите да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да задоволат одредени хигиенски критериуми.
Директно снабдување на мед и други производи од пчели
Ставањето во промет на мед и други производи од пчели кои потекнуваат од сопствено одгледувалиште/пчеларник за директно снабдување на крајниот корисник се врши од страна на примарни производители – одгледувачи на пчели.
Примарни производители подлежат на регистрација од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Количината на мед која може да се стави во промет за директно снабдување од страна на примарен производител изнесува до 1000 килограми годишно.
Медот и другите производи од пчели наменети за снабдување на крајниот потрошувач треба да се соодветно спакувани, означени и складирани.
За директно снабдување, медот и производите од пчели треба да бидат пропратени со следните податоци:
- име на операторот со храна – примарен производител на мед и други производи од пчели;
- број на идентификација на примарниот производител;
- локација на одгледувалиште/пчеларник;
- вид на мед; и
- дата на двоење и полнење на медот.
Ставање во промет на мед и други производи од пчели од страна на операторите со храна од мал обем на производство од сопствено одгледувалиште
Услови кои треба да ги исполни објектот со мал обем на производство:
Да има најмалку простории за:
- цедење, полнење и пакување на медот;
- складирање на суровини, амбалажа и готови производи;
- гардеробер и санитарен јазол (по исклучок во објекти кои се наоѓаат во ист круг каде што е и приватниот стамбен објект и ако се вработени членови од семејството, гардероба и санитарн чвор може да се користат од приватниот станбен објект);
- простор соодветен за чување на средства за чистење и дезинфекција;
- обезбеден е соодветно поставен уред за миење на раце во просторијата за полнење и пакување на пчелни производи;
- опремата која се користи за цедење, филтрирање и чување на медот треба да е лесна за чистење и дезинфекција и направена од лесно одржлив и нетоксичен материјал, не треба да бидат извор на загадување;
- обезбеден е соодветно поставен уред за миење на раце во просторијата за полнење и пакување на пчелни производи.
Медот и други производи од пчели како суровина за работа на објектот треба да потекнуваат од сопствено одгледувалиште/пчеларник. Означување на медот треба да биде во согласнот со правилникот за информации поврзани со храната.
Максималното количество на мед кое може да се стави во промет од објект со мал обем изнесува до 5.000 килограми годишно.
Потребна документација за регистрација на операторите со храна
- Барање за регистрација на објект и оператор со храна за примарно производство и преработка на примарни производи од животинско потеклоод животинско потекло;
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија или копија од лична карта за физички лица;
- Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот /концесија;
- Легитимација за регистарски број на одгледувалиште (РБО);
- Последен попис од одгледувалиште за овци/кози, пчели и свињи;
- Листа на моментални животни од видот говеда;
- Договор склучен со ветеринарно друштво за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните;
- Уверение за здравствен статус на животните за производство на сурово млеко (во однос на бруцелоза и туберкулоза);
- Потврда за соодветно уплатени административни такси.
Објектот за производство и ставањето во промет на мед и други производи од пчели од мал обем треба да биде регистриран од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство согласно локацијата на пчеларникот. Барањето за регистрација се поднесува во зависност на локацијата на објекот.
Производите добиени во објектот за производство мед и други производи од пчели од мал обем се стават во промет на целата територија на државата.
