Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинки
Агровести

Трипуновски: Килограм свежо македонско овошје неделно ќе добива секое дете во детските градинки

Објавено 30/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски ја посети детската градинка „Срничка” во општина Аеродром.

Согласно Програмата за поттикнување на потрошувачка на свежо овошје за 2025 година, објавена во Службен весник бр. 27/2025 од 07.02.2025 година, околу 38.000 деца од сите градинки во државата ќе добиваат домашно и квалитетно овошје.

Издвоени се 40 милиони денари за набавка на околу 880.000 килограми домашно овошје. Во текот на три месеци, секое дете ќе добива еден килограм овошје неделно, односно по два вида овошје неделно, кое ќе се консумира во градинките како дел од дневната ужинка.

За првпат се предвидени и количини на овошје од органско потекло, што претставува дополнителен квалитет во исхраната на најмалите.

Оваа Програма претставува инвестиција во здравјето на најмалите, градење на навики за здрава исхрана од најрана возраст и конкретна поддршка за македонските земјоделци.

Преку директната набавка на домашно овошје, Министерството придонесува за зајакнување на земјоделското производство и обезбедување стабилен пазар за земјоделците.

„Децата заслужуваат „Македонско најдобро“ од најмала возраст. Секое дете заслужува здрава исхрана, а секој земјоделец заслужува поддршка. Заедно градиме здрава иднина за децата и одржлив развој за македонското земјоделство”, истакна министерот при посетата на градинката „Срничка”.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во наредниот период ќе продолжи со реализација на Програмата.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:детските градинкимакедонско овошјеТрипуновски
Претходен напис „Гунвор Груп“ го презема меѓународниот бизинс на „Лукоил“
Следен напис Поскапува екстра лесното масло за домаќинство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?