Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Германската економија е во опасност – тврди шефот на минхенскиот економски институт Ифо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Германската економија е во опасност – тврди шефот на минхенскиот економски институт Ифо
Агровести

Германската економија е во опасност – тврди шефот на минхенскиот економски институт Ифо

Објавено 26/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ситуацијата на германската економија во моментов е драматична и се соочува со натамошен пад доколку не се спроведат големи реформи, предупреди Клеменс Фуест, шеф на економскиот истражувачки институт Ифо со седиште во Минхен.

– Германија е во економски пад со години. Додека владините трошоци продолжуваат да растат, приватните инвестиции опаѓаат. Ова го доведува во акутна опасност просперитетот на Германија, бидејќи помалку приватни инвестиции значи помал раст на среден рок, помалку даночни приходи и затоа помалку пари за државни услуги, изјави Фуест за весникот „Билд“.

Тој посочува дека економската состојба стагнира и милиони граѓани веќе доживуваат пад на животниот стандард.

Фуест ја повика германската влада да подготви сеопфатна програма за реформи во следните шест месеци, која ќе оди далеку над сегашниот коалициски договор. Планот треба да биде усвоен најдоцна до пролетта 2026 година.

Програмата, според него, би требало да содржи големи социјални реформи, вклучително и укинување на пензиите за мајки. Владата наместо тоа треба да се фокусира да обезбеди придонесите да не продолжат да растат.

Фуест, исто така, предлага намалување на бирократијата за компаниите, наведувајќи ги барањата за документација за емисиите на јаглерод диоксид (CO2), синџирите на снабдување и минималните плати како примери за скапи регулативи кои даваат мала корист.

Според него, поедноставувањето на овие правила би можело да генерира до 146 милијарди евра дополнителен економски просперитет секоја година.са/

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:економијаинситутифо
Претходен напис Македонија домаќин на најголемиот светски собир за одржлива енергија, започнува 14-тиот Глобален форум IFESD-14
Следен напис САД и Кина постигнаа прелиминарен договор за трговскиот спор
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?