Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Македонија домаќин на најголемиот светски собир за одржлива енергија, започнува 14-тиот Глобален форум IFESD-14
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Македонија домаќин на најголемиот светски собир за одржлива енергија, започнува 14-тиот Глобален форум IFESD-14
Агровести

Македонија домаќин на најголемиот светски собир за одржлива енергија, започнува 14-тиот Глобален форум IFESD-14

Објавено 26/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Од 28 до 30 октомври Скопје ќе бидат домаќини на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14), еден од најзначајните глобални настани во областа на одржливата енергија.

Под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, форумот ќе собере над 1000 учесници од повеќе од 70 земји, меѓу кои високи претставници на меѓународни институции, влади, академски кругови и енергетскиот сектор.

Настанот го организира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на Република Северна Македонија, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и петте регионални комисии на ОН: UNECE, UNESCAP, UNECLAC, UNECA и UNESCWA.

Свеченото отворање ќе се одржи на 28 октомври во Македонската филхармонија, а ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерката Сања Божиновска, постојаниот претставник на ОН Армен Григорјан, како и Татијана Молчан од UNECE.

Во текот на тридневниот форум ќе се одржат бројни панел-дискусии и технички сесии, посветени на теми како енергетска безбедност, финансирање на чиста енергија, дигитализација, управување со критични суровини, праведна транзиција и улогата на младите и жените во енергетската трансформација.

Клучна цел на форумот е премин од глобални цели кон конкретни акции – преку забрзување на инвестициите во обновливи извори, диверзификација и регионална соработка.

Како завршен документ, ќе биде потпишана „Скопје декларацијата“, која ќе ги обележи заложбите на земјите учеснички за одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина. Со ова, Македонија ја зацврстува својата позиција како кредибилен партнер во глобалната енергетска транзиција. бк/нд/

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:енергетикаенергијаминистертвоФорум
Претходен напис Жените земјоделки ги бараат своите права
Следен напис Германската економија е во опасност – тврди шефот на минхенскиот економски институт Ифо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?