Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На Тајван регистрирани први случаи на африканска свинска чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На Тајван регистрирани први случаи на африканска свинска чума
Агровести

На Тајван регистрирани први случаи на африканска свинска чума

Објавено 22/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На Тајван се регистрирани првите случаи на африканска свинска чума, поради што властите уништија најмалку 195 свињи и наредија строги мерки низ целиот остров, соопшти денеска Министерството за земјоделство.

Министерството соопшти дека тоа го покажале резултатите од вчерашната анализа на угинатите свињи од фарма во крајбрежниот град Тајчунг.

Според министерството, на фармата „превентивно биле уништени 195 свињи“. Фармата потоа била исчистена и дезинфицирана, а контролна зона е воспоставена во радиус од три километри околу фармата.

Властите наредија петдневна забрана за движење и колење на свињи низ целиот остров почнувајќи денеска од пладне.

Министерот за земјоделство на Тајван, Чен Ѓун Ѓи, соопшти дека сојот на вирусот ќе биде изолиран и потоа пријавен до Светската организација за здравје на животните.

– Изолацијата на вирусот трае две недели, но не можеме да чекаме. Мораме да ги примениме највисоките стандарди за да го спречиме и контролираме овој случај на африканска свинска чума, рече Чен.

Африканската свинска чума, која е речиси секогаш фатална за свињите, не ги погодува луѓето или другите животни надвор од семејството на свињите.

Тајван забранува внесување на какво било месо или месни производи без соодветен преглед и карантин, со казни до милион тајвански долари (околу 28.000 евра).

Чен рече дека најверојатен пат на пренесување е нелегалниот увоз на производи од свинско месо, кои на крајот преку системите за отстранување на отпадот од храна стигнуваат до фармите за свињи.

Во 2019 година, милиони свињи беа убиени во Кина и Виетнам додека вирусот се ширеше низ Азија.

Според извештајот на Светската организација за здравје на животните за африканската чума од октомври, моментално во Азија епидемија на свинска чума е потврдена само во Јужна Кореја.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:африканска свинска чумаслучаиТајван
Претходен напис УХМР: Облачно и дождливо време, во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни
Следен напис Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?