Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Царината заплени 160 штеки цигари, 100 кг ветеринарни препарати, регистарски таблички, девизи и брендирана облека
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Царината заплени 160 штеки цигари, 100 кг ветеринарни препарати, регистарски таблички, девизи и брендирана облека
Агровести

Царината заплени 160 штеки цигари, 100 кг ветеринарни препарати, регистарски таблички, девизи и брендирана облека

Објавено 21/10/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Мобилни царински тимови изминативе денови спречија повеќе прекршочни дела при што запленети се 160 штеки цигари, 1.512 метри квадратни теписи, 100 килограми препарати за добиток, 665 парчиња гелови за нокти, три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, 80 парчиња облека со потпис на познати трговски марки, девизи и очила за сонце, соопштија од Царинската управа.

Обидот за шверц на 160 штеки цигари бил откриен при контрола на автобус кој сообраќал на релација Скопје – Истанбул – Скопје, на излез од државата на граничниот премин Деве Баир. Цигарите биле сокриени во делот за вентилација, како и во картонски кутии под еден ред пластични чаши со вода сместени под повеќе седишта и во  неколку торби и куфери во просторот за багаж. Непријавените цигари биле во сопственост на возачот на автобусот, македонски државјанин, против кого е поведена прекршочна постапка.

На граничниот премин Богородица мобилен царински тим при контрола на камион открил и спречил обид за нелегален внес на 100 килограми ветеринарни препарати и додатоци за исхрана за добиток. По извршена контрола со мобилен скенер, биле забележани неправилности во кабината на возилото, по што бил извршен деталeн преглед. На креветите во кабината биле пронајдени 100 килограми Tonisity Px и 7,5 литри Neo Boost – препарати наменети за исхрана и поддршка на растот кај прасињата и свињите. Станува збор за производи под ветеринарно-санитарна контрола, за чиј увоз е потребна посебна дозвола издадена од Агенцијата за храна и ветеринарство. Возачот, македонски државјанин, не поседувал соодветна документација за стоката. Против него е поведена прекршочна постапка, а пронајдените производи се привремено задржани за понатамошна постапка.

При личен претрес на македонски државјанин, кој патувал со автобус за Берлин на излез од државата на граничен премин Табановце, се додава во соопштението, пронајдени се седум илјади евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени две илјади евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а останатите се задржани.

Цариниците заплениле и 80 парчиња облека со ознаки на заштитени трговски марки поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Случајот е откриен при контрола на камион на влез во државата на граничниот премин Богородица. Камионот бил натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за фирма од Косово.

Очила за сонце со вредност од околу 60 илјади денари, се пронајдени под предните седишта на минибус со македонски регистарски таблички, откако претходно биле забележани неправилности при контрола извршена со мобилен скенер. Минибусот, управуван од македонски државјанин, бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце.

Службата за мобилен скенер на граничен премин Богородица открила обид за криумчарење на мигранти, државјани на Сиера Леоне, Египет и Екваторска Гвинеја. Случајот е откриен при контрола на товарно возило со влекач со косовски регистарски таблички и приколка со македонски регистарски таблички. При извршен физички преглед се откриени пет мигранти. Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка.

Во соопштението се додава и дека 665 парчиња гел за нокти се откриени во кабина на камион на влез во државата на граничниот премин Табановце. Геловите за нокти се запленети, а против сторителот кој се обидел да ги шверцува во државата без да ги пријави и за нив да плати давачки кон државата се води соодветна постапка.

На граничниот премин Блаце мобилен тим открил три комплети германски регистарски таблички и сообраќајни дозволи, пронајдени во внатрешните делови од јакните на тројца македонски државјани кои се пријавиле за излез од државата. Лицата не поседувале документи кои би докажале дека возилата на кои припаѓале табличките се ставени во пропишана царинска процедура. Со тоа, тие се обиделе да пуштат возила во слободен промет без да бидат платени увозни давачки. Против нив е поведена соодветна постапка, а табличките и сообраќајните дозволи се запленети.

При контрола на стока со потекло од Турција наменета за фирма од Тетово, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово, мобилен тим открил 1.512 метри квадратни теписи, кои не биле опфатени со царинските документи. 

Царинската управа

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:100 кг ветеринарни препарати160 штеки цигаридевизитаблички
Претходен напис (ВИДЕО) Рецепт: Месо во тегла кое може да се јаде и 30 дена по приготвувањето
Следен напис УХМР: Променливи време со повремен дожд и ветер до крајот на неделава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?