Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески учесник на Конференцијата за економија „Црна Гора 2025“ 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески учесник на Конференцијата за економија „Црна Гора 2025“ 
Агровести

Азески учесник на Конференцијата за економија „Црна Гора 2025“ 

Објавено 17/10/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На покана на претседателката на Стопанската комора на Црна Гора, Нина Дракиќ, претседателот на Стопанската комора,  Бранко Азески вчера и денеска учествува на Конференцијата за економија „Црна Гора 2025“, што се одржува во Будва.

Оваа престижна конференција, која континуирано се одржува од 2010 година, информираат од Комората, претставува значаен економски форум на регионално ниво, на којa учествуваат истакнати претставници на владите, економисти, универзитетски професори и бизнис-лидери.

Главната тема на годинашното издание е „Економиите на регионот пред предизвиците на современото време“, со фокус на анализа на актуелните економски состојби и можните одговори на идните развојни предизвици.

Конференцијата ја отвори претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ, а низ панел-дискусиите учествуваат претставници од бизнис-заедницата, економски експерти и академици. Новина во програмата оваа година се разговорите со успешни претприемачи од Црна Гора и регионот, посветени на улогата на стопанството во градењето стабилни економски системи.

-На конференцијата, претседателот на Комората, Бранко Азески, го истакна значењето на регионалната соработка како клучен предуслов за економската интеграција на регионот, но, во исто време, да се обезбеди и активно вклучување на приватниот сектор во сите овие процеси. Македонската економија, како мала и отворена економија, мора максимално да ги користи потенцијалите на регионалната соработка, доколку сака да испорача повисоки стапки на економски раст. Анализите укажуваат на тоа дека потенцијалите на регионалната соработка не се доволно искористени, иако во вкупен обем расте континуирано, сепак во изминативе две децении не надминува повеќе до 16 проценти од вкупниот македонски извоз годишно. Процедуралните пречки и нетарифните бариери во регионалната трговија сè уште претставуваат значителна пречка за компаниите, особено малите и средни претпријатија, за тие да се одлучат да започнат со извоз и бројката на извозни мали и средни претпријатија едвај достигнува 3500 компании, соопшти Комората.

Конференцијата, како што посочуваат од Комората, овозможи меѓукомпаниски средби, вмрежување и размена на искуства меѓу претставниците на економиите од регионот.

Во рамките на настанот се одржа и билатерална средба меѓу Стопанската комора на Северна Македонија и Стопанската комора на Црна Гора, насочена кон продлабочување на економската соработка меѓу двете земји.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:азескиКонференцијатаЦрна Гора 2025
Претходен напис Ганги за МИА: Продолжува поддршката на ФАО за трансформација на македонското земјоделство кон поинклузивни и поодржливи агро-прехранбени системи
Следен напис ЕУ ја одобри втората транша средства во рамките на Инструментот за реформи и раст
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?