Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наскоро, јавен повик за користење на средства по мерка 7 од ИПАРД Програма 2021-2027
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Наскоро, јавен повик за користење на средства по мерка 7 од ИПАРД Програма 2021-2027
Јавни огласи и повици

Наскоро, јавен повик за користење на средства по мерка 7 од ИПАРД Програма 2021-2027

Објавено 15/10/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, до крајот на годинава, ќе го објави Јавниот повик 03/2025 за доставување на барања за користење на средства од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД Програма 2021-2027)

 Финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 во врска со спроведување на овој Јавен повик од 2025 година се наменети за следната мерка:

 Ø  Мерка 7 – Диверзификација на фарми и развој на бизниси и тоа следните приоритетни сектори:

·         Aлтернативно земјоделско производство (кое не е поддржано според мерките 1 и 3),

·         Праработка на алтернативни земјоделски производи (кое не е поддржано според мерките 1 и 3),

·         Производство на храна и пијалаци

·         Производство на не-прехрамбени производи (за сите активности кои се опишани во Анекс 14 од ИПАРД Програмата 2021-2027),

·         Поддршка на занаетчиски активности,

·         Поддршка на услуги за руралното население,

·         Поддршка на услуги во земјоделството

·         Поддршка на руралниот туризам

Претстојниот јавен повик на ИПАРД Програмата 2021-2027 овозможува зголемени можности по однос на типот на инвестиции, поголем обем на потенцијални корисници или генерално се поддржуваат инвестиции во Диверзификација на фарми и развој на бизниси лоцирани во руралните средини во насока на подобрување на вкупните перформанси, економската продуктивност и конкурентноста на претпријатијата.

Правилата за користење на финансиските средства од ИПАРД Програмата 2021-2027 налагаат претходно склучување на договор на корисниците со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и реализација на одобрената инвестиција согласно претходно договорените услови. Контрола на самото место и спроведувањето на надзорот над договорот извршуваат овластени лица од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и релевантни институции од Република Северна Македонија за управување, спроведување и контрола на ИПАРД и Европска Унија.

Начинот и постапката за користење на финансиска поддршка од ИПАРД Програмата 2021-2027 се пропишани во Уредбата за начинот и постапката за користење на финансиска поддршка за мерки за рурален развој финансирани од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија.

Јавниот повик ќе трае 45 дена од денот на објавување во дневните весници.

Сите информации во врска со јавниот повик може да ги превземете на следниот линк:

https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/34

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:ИПАРДјавен повикМерка 7средства
Претходен напис АМСМ: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Следен напис Значењето на ЕСЕНСКАТА ОБРАБОТКА на почвата како дел од агротехничките мерки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?