Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто треба да го вклучите целерот во исхраната: 5 здравствени придобивки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Зошто треба да го вклучите целерот во исхраната: 5 здравствени придобивки
Магазин

Зошто треба да го вклучите целерот во исхраната: 5 здравствени придобивки

Објавено 13/10/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Целерот е дел од семејството Apiaceae, билки на кои припаѓаат и морковите, магданосот, пашканатот итн. Сигурно сте слушнале за целерот и веројатно ви е познато дека се користи како зачин со пријатен вкус и арома, но дали знаете дека тој може да се подготвува на најразлични начини и биде корисен за подобро здравје, од повеќе аспекти?

Во продолжение, малку подетални информации кои ќе ве поттикнат почесто да го јадете целерот.

Целерот содржи огромен број различни фитохемикалии кои му ги даваат позитивните својства. Тој е доста сличен со магданосот, со тоа што расте повисоко, има нешто поголеми листови, а формира и топчест корен. Во исхраната се користат сите негови делови кои се богат извор на низа различни хранливи компоненти. Може да се најде на пазарите и во маркетите преку целата година.

Како што веќе рековме, за исхрана се употребуваат сите негови делови – коренот, стебленцето, листовите, па и семето. Целерот се користи со векови во различните кујни ширум светот и се приготвува на најразлични начини, како свеж, како додаток на различни варива, супи, риби, хумус, салати, но често се употребува и како сушен, односно зачин. Кулинарите препорачуваат ситно сецкање на свежиот целер пред да се додаде во јадењата, бидејќи на тој начин неговите ароми се најизразени.

За искористување пак на неговите позитивни својства во однос на здравјето, најдобро е да се јаде додека е крцкав и свеж.

5 причини зошто треба почесто да јадете целер:

1) Богат нутритивен

Целерот е исклучително нутритивно сконцентрирана храна, содржи огромен процент на вода, следствено малку калории, а од друга страна има богат микронутритивен состав.

Едно стебленце содржи само 6 калории, 0,6g растителни влакна, калиум, витамин Б9, витамин А, К, Ц, холин, но и поголеми количества на натриум.

2) Целерот е моќен антиоксидант

Целерот поседува исклучително моќно анитоксидативно дејство поради присутните потентни антиоксидативни компоненти, пред сé тука се мисли на:

◦ апигенин, лутеолин, кампферол и кверцетин (флавоноидни антиоксиданти)
◦ селинен
◦ лимонен
◦ кумарична и ферулична киселина
◦ витамин Ц
◦ каротеноиди

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки, ткива и на крајот органи. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребните антиоксиданти, но тие треба да се внесуваат и преку исхраната богата со храна, како што е целерот.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

3) Целерот е добар за дигестивното здравје

Покрај тоа што неговото антиоксидативното дејство може да биде добро и за дигестивниот тракт, целерот може да понуди и некои други корисни ефекти за дигестијата. Тој е добар и за справување со непријатниот здив кој е поврзан со оралното здравје, но некогаш и со самото варење на храната или дигестијата.

Пектинските материи (дел од неговите растителни влакна) кои ги содржи целерот, вкучително компонентата позната како апиуман, во анималните студии се покажале како корисни при стомачни чирови, но и општо, корисни за внатрешното ткиво на цревата.

95%-тниот воден состав на целерот во комбинација со неговите растворливи и нерастворливи растителни влакна, овозможува поздрава и подобро функционална дигестија (храна за корисната микрофлора и подобрена цревна перистатика). Дополнително, заради овие причини, храната како што е целерот е особено погодна и за процесот на слабеење.

4) Добра храна за срцето

Традиционалната кинеска медицина го употребувала целерот и неговите екстракти за намалување на крвниот притисок.

Една анимална студија го испитувала ефектот на неговиот екстракт врз глувците со нормален и покачен притисок.

Заклучокот бил дека екстрактот од целер делувал на намалување на крвниот притисок кај оние глувци со покачен, додека кај другите не делувал, па така и притисокот останал нормален.

Дополнително, целерот содржи и солидни количества калиум, како и растителни влакна. Повеќе за позитивното дејство на калиумот на кардиоваскуларното и општото здравје, прочитајте тука.

Растителните влакна пак, според низа студии можат да делуваат на поуспешното намалување на холестеролот во крвта, а постојат и податоци според кои тие можат да го намалат и крвниот притисок.

Високиот крвен притисок и нарушениот липиден профил (покачениот холестерол и триглицериди), се помеѓу главните ризик-фактори за повеќето срцеви заболувања.

5) Антиканцерогено дејство

Како што веќе споменавме, целерот содржи апигенин, моќен антиоксидант кој во студиите покажува и антиканцерогено дејство.

Според авторите на една од студиите со ваква тематика, лабораториските тестирања покажале дека апигенинот може да придонесе за апоптозата, процес на еден вид ,,програмирано” умирање на клетките, што може да биде корисно како третман за канцер.

Дополнително, постојат податоци и за одредено антиканцерогено дејство на еден друг флавоноиден антиоксидант кај целерот – лутеолинот.

Според едно од истражувањата, лутеолинот може да превенира од ширење на малигните клетки и да индуцира нивна смрт. Авторите на оваа студија велат дека лутеолинот може и да ги направи малигните клетки поподложни на нападите од соодветните хемикалии на хемотерапијата.

Одредени истражувања укажуваат дека целерот може да помогне и во превенцијата на:

◦ заболувања на црниот дроб
◦ уринарни инфекции
◦ 
гихт
◦ ревматски нарушувања

Луѓето искуствено го користат семето од целер и при:

◦ бронхитис
◦ астма
◦ псоријаза
◦ гадење
◦ повраќање
◦ треска

Сепак, за потврдување на последните наведени корисни дејства на целерот потребни се повеќе научни истражувања.

Прилогот го подготви Д-р Александар Митов

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
(РЕЦЕПТ) Лосос од рерна
Таг:придобивкицелерот
Претходен напис Грешки при садење на садници од орев
Следен напис Конференција на ABSL за Западен Балкан 2025 – Сараево станува регионален центар на секторот за деловни услуги
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?