Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РКЕ ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање електрична енергија од обновливи извори
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > РКЕ ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање електрична енергија од обновливи извори
Агровести

РКЕ ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање електрична енергија од обновливи извори

Објавено 10/10/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) ги издаде првите лиценци за батериски систем за складирање електрична енергија од обновливи извори на компанијата „Енерго солар системи“.

Како што информира РКЕ, станува збор за два батериски система со вкупна инсталирана моќност од 2600 киловати,  инсталирани во склоп на две различни фотонапонски електроцентрали кои се веќе изградени и во функција.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски истакнува дека издавањето на овие лиценци во кои се вклучени батериски системи за складирање електрична енергија „го означува почетокот на еден нов инвестициски циклус во енергетиката“.

-Воведувањето на батериите во пракса значи забрзана енергетска транзиција преку создавање одржлив, ефикасен и еколошки енергетски систем во земјава. Во РКЕ очекуваме голем број сопственици на ФЕЦ да поднесат барање за инсталирање на „сториџи“, но исто така очекуваме интерес да пројават и компании кои би биле самостојни оператори на складишта само со батериски системи. Употребата на батериите ќе придонесе за сигурно и доверливо функционирање на системите, а едновремено и за економски посигурен и поефикасен енергетски пазар. Тие можат да даваат услуги на операторот на електропреносниот систем за балансирање на истиот, како и одржување на одредени параметри на мрежата во пропишани граници. Складирањето енергија во периоди кога има вишок и нејзино користење во периоди кога потребите од електричната енергија се зголемуваат се очекува да влијае и врз намалување на вкупните трошоци во системот, посочува Бислимовски. 

Условите, постапката и потребната документација за добивање  лиценца за складирање електрична енергија се уредени во Законот за енергетика и Правилникот за лиценци.

РКЕ

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:енергијалиценциобновливи извориркескладирање
Претходен напис Како до правилна заштита од ниски температури кај виновата лоза
Следен напис Наскоро Јавен повик за Мерка 3 од ИПАРД – „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?