Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Запленети средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Запленети средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека
Агровести

Запленети средства за ветробрани, фалсификати, автоделови, кафе, цигари, алат, облека

Објавено 03/10/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во текот на изминатата недела од страна на Царинската управа се запленети: 15.603 литри средство за стакла за возила, 410 пара патики, 23 автоделови, 39.5 кг. кафе, 69 парчиња облека, 2 употребувани велосипеди, 43 штеки цигари, 44 ножеви за циркуларна пила и регистарски таблички,  се наведува во денешното соопштение на Царинската управа кое МИА го пренесува интегрално.

Мобилните царински тимови и царинските службеници од граничните царински испостави открија и спречија повеќе прекршочни дела:

На граничниот премин Блаце при контрола на камион на влез во државата откриени се 15.603 литри средство за стакла за возила. Непријавената стока не била опфатена во царинските документи.

410 пара патики со ознаки на заштитена трговска марка се задржани на излез од државата на граничниот премин Блаце.  Стоката е задржана поради сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост. Мобилните царински тимови ја откриле при контрола на камион со турски регистрски таблички кој бил натоварен со стока со потекло од Турција наменета за фирма од Косово.

Вкупно 23 делови за возила откриени се во два одвоени случаи од страна на Службата за мобилни скенери, при контрола на две возила пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, царинските службеници реагирале кога забележале лице кое се обидувало да префрли  4 употребувани гуми и 4 употребувани алуминиумски бандажи за патничко возило преку оградата на терминалот за стоково царинење.

Во вториот случај, при контрола со мобилен скенер на камион со македонски влекач и холандска приколка биле забележани неправилности во преградите за алат на влекачот. При извршена физичка контрола биле пронајдени 4 употребувани вентилатори со мотор за испарувач за ладилник за товарно возило и 11 нови ремени за затегнување на товар.

При контрола на автобус на влез во државата на граничниот премин Табановце се откриени 39.5 килограми кафе и тоа 36 пакувања по 1 килограм од типот Gourmet by Tobia и 14 пакувања по 250 грама од типот Miscela cremosa.

69 парчиња облека (дуксери, панталони, маици, фармерки и долни тренерки), откриени се при контрола со скенер на камион откако биле забележани неправилности во кабината, во пределот на горниот кревет.

Во багажникот на автомобил кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце пронајдени се 2 употребувани велосипеди марка Cube.

На Меѓународниот аеродром Скопје, пронајдени се 43 штеки цигари со и без акцизни маркици. Цигарите се откриени при контрола со рентген на куферите на тројца македонски државјани кои имале намера да отпатуваат со лет за Лондон.

Во автобус на граничниот премин Табановце пријавен за влез во држвата во две најлоснки ќеси кои биле сместени под патничките седишта, откриени се 44 кружни ножеви за циркуларна пила.

Комплет бугарски регистарски таблици и сообраќајни дозволи се откриени на граничниот премин Делчево на излез од државата. Табличките и сообраќајните дозволи припаѓале на возило кое било расходувано во отпад и за кое возачот не поседувал доказ за платени увозни царински давачки, согласно законските прописи.

Царинска управа 

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:автоделовиалатветробраниЗапленетикафефалсификатицигари
Претходен напис УХМР: За викендот стабилно време, со ниски утрински температури
Следен напис Хемометал: Нивски Прскалки – AGROSE
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?