Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како сами да си направите сок од тиква: Лесно се прави, а има одличен вкус
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Како сами да си направите сок од тиква: Лесно се прави, а има одличен вкус
Магазин

Како сами да си направите сок од тиква: Лесно се прави, а има одличен вкус

Објавено 20/09/2025
Сподели
4 мин. за читање
Pumpkins in basket and decorative corns. Defocused colorful leaves in the background
Сподели
Ad imageAd image

Сокот од тиква не е само вкусен, туку и многу здрав. Тиквата е антиоксиданс, па како таква е посакувана храна бидејќи му помага на организмот да се исчисти, односно да се детоксицира. Има корисен ефект врз нашата цревна флора бидејќи е богат со растителни влакна, но и за видот, бидејќи е богат со бета каротен. Исто така, има добар ефект врз репродуктивните органи.

Сокот од тиква се подготвува многу лесно, а вкусот е навистина одличен. Можете да направите густ сок од тиква, бистар сок од тиква или сируп од тиква. Сите три варијанти се подеднакво добри, а која ќе ја изберете зависи исклучиво од вашиот личен вкус.

Сируп од тиква

Потребни состојки за подготовка на сокот се:

3 килограми тиква
2 литри вода
500 грама шеќер
сок од 3 лимони

Постапка за подготовка на сок:

Пред да ја измерете, исчистете ја тиквата и исечете ја на помали парчиња или коцки. Дури потоа измерете ја бидејќи доста ќе отпадне за време на чистењето. Значи, ќе ни требаат 3 кг исчистена тиква.

Префрлете ја подготвената тиква во соодветно тенџере, потоа истурете доволно вода за да се покрие. Варете на умерена температура 10 минути од моментот на вриење, а потоа тргнете ја од ринглата.

Во друго тенџере измешајте 2 литри вода и 500 грама шеќер, па варете на умерена температура, од моментот на вриење околу 15 минути, за да направите сируп. Тргнете го тенџерето од ринглата, исцедете ја зовриената тиква од водата и изблендирајте ја со помош на рачен миксер или блендер, а можете да користите и толчник само добро да ја претворите во каша. Во меѓувреме, сирупот се изладил, па во него додадете го пирето од тиква и свежо исцедениот сок од лимон. Измешајте добро да се соединат состојките, и сокот е готов.

Истурете го готовиот сок во стерилизирани шишиња, добро затворете ги и оставете го сокот да се излади на собна температура. Дури откако ќе се излади целосно, ставете го во фрижидер или шпајз, односно на некое потемно и поладно место, за да не се расипе. Откако ќе го отворите шишето, чувајте го во фрижидер.

Сирупот се разредува со вода.

Густ сок од тиква

Потребните состојки за подготовка на сок се:

3 килограми тиква
7 литри вода
2 килограми шеќер
сок од 3 лимони

Постапка за подготовка на сок:

Исто така исчистете ја тиквата пред да ја измерите и исечкајте ја за да добиете точно 3 килограми исчистена тиква. Префрлете сѐ во соодветно тенџере, додадете шеќер и вода, а потоа полека измешајте. Ставете да се вари на умерена температура.

Кога тиквата ќе омекне, тргнете ја од оган и испасирајте ја. Вратете на рингла, додадете сок од лимон, па добро промешајте. Нека зоврие.

Тргнете го од оган, а потоа истурете го готовиот сок во стерилизирани шишиња додека е топол.

Запечатете добро, потоа оставете да се излади на собна температура. Откако сокот ќе се излади, чувајте го во фрижидер или шпајз, односно на суво, темно и ладно место. Откако ќе се отвори шишето, чувајте го во фрижидер.

Сокот не се раствора во вода, туку се пие како густ.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:направитесоктиква
Претходен напис (ВИДЕО) Знаете ли колку време е потребно за почвата да ја впие водата?
Следен напис ССМ: Синдикална минимална кошница за септември 65 077 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?