Европската комисија објави водич за прилагодување на спроведувањето на програмата за рурален развој (ИПАРД) во рамките на инструментот за претпристапна помош во текот на моменталната криза предизвикана со појавата на корона вирусот. Водичот се однесува на земјите кандидатки за членство во ЕУ, кои имаат право на користење на овој инструмент ( Северна Македонија,Албанија, Црна Гора, Србија и Турција).
Во него се наведуваат краткорочни акции кои овозможуваат флексибилност во примената на ИПАРД програмата, за да може на некои корисници да им се обебзеди поддршка во поедноставување на процедурата за одобрување и реализација на овие проекти.
Како што се наведува на веб страната на Европската комисија, можни се три решенија:
- акции кои националните власти можат директно да ги спроведат,
- работи кои Комисијата би требало да ги одобри пред тие да бидат применети на национално ниво, и
- акции на иницијатива на Комисијата.
Во поглед на работите кои националните власти би можеле директно да ги превземат, се предлага употреба на алтернативни средства во контролите на лице место неопходни за одобрување на проектите, воведување на е-потпис, привремено запирање на на останатите проверки и контроли.
Кога станува збор за мерките кои подразбираат одобрување на Комисијата при имплементација во државите кандидатки за членство, ќе биде можно проширување на листата на прифатливи трошоци во рамките на националните програми на ИПАРД. Тоа конкретно значи дека корисниците би можеле да користат ИПАРД средства за купување на материјал кој е корисен во борбата против корона вирусот, како што се на пример: маски, дезинфекциски средства, транспортни возила. Исто така, можно е привремена промена на принципот „ четири очи “ за проверка на лице место. Тоа значи дека наместо два контролори, местото на инвестицијата може да го посети еден контолор и да направи фотографии или видео записи, за да може да ги верификува и потпише вториот контолор.
Конечно, ЕК ги разгледува мерките за флексибилност кои таа директно ги спроведува. Ова вклучува овозможување на зголемувањата на авансните плаќања на корисниците на ИПАРД проектите. Друга мерка, која би се користела во зависност од случајот, е запирање на паричните казни кога ИПАРД агенциите не го почитуваат рокот од шест месеци за исплата на оние корисници кои ги завршиле своите проекти.
Овие упатства воведени се на втората видеоконференција која на 22 април оваа година ја организираше постојаната работна група за регионален развој, во соработка со Министерството за земјоделство на Република Северна Македонија.
Извор: Agromart
