Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“
Агровести

Ангелов: Пожарот во Трубарево е изгаснат, но има силно чадење, ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“

Објавено 14/09/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожарот е изгаснат, нема активно горење, но има силно чадење кое се пробива низ земјата и песокот од затрупаните места. Преостануива да се дозатрупа уште дел од опожарената површина, изјави утрово Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) за ситуацијата на местото на пожарот во Трубарево кој избувна вчера пред 14 часот во складиште за рециклирање пластичен, електронски отпад и батерии.

Во видеоизјава Ангелов вели дека благодарение на „храбрата, брза и пожртвувана интевенција на скопските пожарникари, како и на целокупната одлично организирана акција за гасење на пожарот, четири објекти на локацијата биле спасени“ иако, како што рече, се наоѓаат директно до опожарените објекти на компанијата „Ф“.

-Од она што можам да го забележам овде, се работи за големи бали со пластичен отпад, пластични шишиња и друг отпад, уредно спакувани. Пожарот е изгаснат. За жал, се уште имаме активно чадење. Делот каде што се наоѓаат литиумските батерии е затрупан со песок, на некои места е користена земја, онаму каде што нема литиумски батерии односно електронски отпад. Но, има чадење преку песокот и посипаната земја. За жал, чадењето се уште е силно, пожарникарите работат на навлажнување на песокот заради догаснување на пожарот, бидејќи ваков електронски отпад е исклучително тежок за гасење. Пожарникарите работеа во текот на целата ноќ, истакна Ангелов.

 Соопшти и дека околу 2.30 часот добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму.

-Се гледаа одредени пламени јазици, но тоа беше гасот којшто испарува од оваа депонија. Таму упативме една екипа на скопската противпожарна бригада која го изгасна огнот,  од кој постоеше опасност да го зафати главниот дел од депонијата. Сега состојбата во „Дрисла“ е стабилна, продолжуваме со агресивно затрупување на преостанатиот дел бидејќи најмалку половина од местото коешто гореше во „Дрисла“ вчера е затрупано. Но, дел од механизацијата беше пренасочен и овде,  на големиот пожар во Трубарево, рече Ангелов. 

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе има прес-конфернција во 11 часот во Медија-центарот на Владата заедно со министерот за здравство Азир Алиу и владината портпаролка Марија Митева. 

Дирекција за заштита и спасување

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ангеловДрислаИзгаснатТрубарево
Претходен напис АМСМ: Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози
Следен напис МЖСПП: Преземени се итни мерки за заштита на здравјето на граѓаните по пожарот во магацинот за електронски отпад во Трубарево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?