Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тежок за гаснење е пожарот во складиштето за отпад, упатени хермелини кон локацијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тежок за гаснење е пожарот во складиштето за отпад, упатени хермелини кон локацијата
Агровести

Тежок за гаснење е пожарот во складиштето за отпад, упатени хермелини кон локацијата

Објавено 13/09/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќе часа гори складиштето на „Ф Групација“ во Трубарево, каде меѓу другото, се складирале и електронски уреди, информира Скопје1.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, посочи дека пожарот е сериозен и тежок за гаснење.

Во пожарот кој изби денеска во објект на фирмата „Ф-Групација“ во Трубарево која се занимава со електронски отпад, се зафатени уште два други објекти во кои имало голема количина пластичен отпад. Повредени лица во пожарот нема, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.  Додава дека од перцепцијата на терен се работи за подметнат пожар. 

-Денеска попладне изби тежок пожар во фирмата „Ф-Групација“, која се занимава со електронски отпад. Има два погони во скопското село Трубарево, кои беа зафатени од огнот. Исто така имаше поголема количина на пластика, кои даваа густ и црн, а верувам и токсичен чад. Веднаш до нивните објекти се наоѓаат уште два објекти, во кои има поголема количина пластичен отпад и кои делумно се зафатени од пожарот. Нема повредени лица,  рече Ангелов.  

Нивна првенствена цел, како што истакна, е да не се дозволи натамошно ширење на пожарот. 

– Од тие причини сите ресурси кои ги имавме на располагање во Град Скопје итно ги насочивме кон овој голем пожар. На терен се наоѓаат најголем дел од противпожарните возила од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, три БТР, еден хермелин, а цело време дејствуваат еден полициски хеликоптер, еден армиски хеликоптер и еден ер трактор на ДЗС, кои со прецизно фрлање на водата и со специјална пена за гаснење на вакви тешки пожари, помагаат да се намали горењето и не дозволуваат ширење на огнот, нагласи Ангелов. 

Тој иинформира дека побарале помош и од соседните противпожарни единици и очекуваат дополнителен број на противпожарни камиони кои ќе помогнат во смена на веќе изморените пожарникари, кои дел се во овој густ црн чад со специјални заштитни маски и боци кислород за дишење. 

Според него, од перцепцијата на терен се работи за подметнат пожар.

– Според мојата перцепција од терен се работи за намерно подметнат пожар. Повеќе од сигурно за намерно подметнат пожар бидејќи не е едноставно да се запали ваков објект. Според мене, ова е хибриден напад врз државата бидејќи да се случат вака тешки пожари кои предизвикуват големо загадување на воздухот во главниот град, ќе потсетам прво депонијата „Вардариште“, депонијата „Дрисла“, вчера депонијата во Шуто Оризари, денес оваа фабрика. Се работи за намерно подметнат пожар. Ние сме мета на хибриден напад, за мотивите може само да погодуваме. И МВР и останатаите служби од областа на безбедноста работат на откривање на сторителите и спречување на идни вака намерно предизвикани пожари, појасни Ангелов.

Апелираше до сите граѓани да го пријават секое сомнително поведение, како лица кои носат туби или шишиња со жолта течност која може да биде бензин или други лица кои се однесуваат сомнително особено околку вакви објекти. Граѓаниите да пријавуваат во полициска станица или на бројот 112.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ангеловдирекицјаТрубарево
Претходен напис При вакви пожари треба да се евакуираат сите што се изложени на HF-хидроген флурид
Следен напис Се дистрибуираат заштитни маски на жителите на Трубарево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?