Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Откупот на винското грозје ќе заврши во најдобар ред, откупната цена зголемена за 25 отсто 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Откупот на винското грозје ќе заврши во најдобар ред, откупната цена зголемена за 25 отсто 
Агровести

Трипуновски: Откупот на винското грозје ќе заврши во најдобар ред, откупната цена зголемена за 25 отсто 

Објавено 06/09/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупот на винското грозје ќе заврши во најдобар ред, имаме рекордно највисоки цени, а така ќе продолжиме и во наредниот период, истакна вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

Одговарајќи на новинарски прашања за откупните цени на винското грозје и критиките на лидерот на СДСМ Венко Филипче дека лозарите се изманипулирани, на прес-конфреренција во Стопанската комора на Северна Македонија, тој рече дека е некоректно да се манипулира во овој предизборен период со маката и трудот на лозарите. 

– МЗШВ согласно Законот за вино ги има запазено сите законски обврски и потребни активности да ја истакне производната, односно откупната цена, која треба да биде зголемена за 25%. Жалам што се вметнува политика во мотиката, но тоа е начин на делување на СДСМ, нивна одлика, изјави Трипуновски. 

Заложба на Министертсво и Владата, според него е да се грижат за трудот на секој македонски земјоделец.

– Тоа го покажуваат и бројките на Државниот завод за статистика, а во котекст на тоа за успешноста на менаџирање на целиот процес второто тромесечје во 2025 година кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забалежано од 26,4%, а во делот на откупот и продажбата второто тромесечје 2025, во споредба со истиот период лани имаме зголемување 7,2%. Ова значи дека го враќаме квантитетот на македонското прозиводтво ја зголемуваме продажбата, односно го враќаме производството на пиедесталот, рече Трипуновски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:25 отстогрозјезголеменаОткупотТрипуновскиЦена
Претходен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло со температури до 36 степени
Следен напис (ВИДЕО) Душко Милев: Ги повикувам пратениците од сите партии за поддршка на предлогот – дополнителни 3 денари за грозјето
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?