Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: „Македонско најдобро” со поддршка од Стопанската комора, македонските производи ќе го носат логото на кампањата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: „Македонско најдобро” со поддршка од Стопанската комора, македонските производи ќе го носат логото на кампањата
Агровести

Трипуновски: „Македонско најдобро” со поддршка од Стопанската комора, македонските производи ќе го носат логото на кампањата

Објавено 05/09/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Денеска една од главните теми на разговор беше кампањата која ја започна Министерството и Владата, „Македонско најдобро”. Разговаравме за досегашните активности во рамките на промоцијата на кампањата и за следните чекори кои ќе ги преземеме во наредниот период“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

„Радува фактот што Стопанската комора изрази сериозна поддршка за кампањата „Македонско најдобро“. Нашата цел е да ја раздвижиме домашната економија, да ги помогнеме компаниите кои произведуваат и преработуваат македонски производи, и да им одадеме признание и поддршка на македонските земјоделци кои произведуваат примарни земјоделски производи”, појасни министерот.

Тој во својата изјава посочи дека македонските земјоделци претставуваат основа во производството на храна.

„Наредната недела Управниот одбор на Стопанската Комора ќе донесе акт со кој ќе се даде сериозна поддршка на кампањата. Со заедничко делување ќе успееме со оваа кампања да ја раздвижиме домашната економија”, истакна министерот Трипуновски.

Министерот додаде дека според податоците со кои располага Министерството, успешно тече регистрацијата на индивидуалните земјоделци, на преработувачите и на маркетите на дигиталната платформа makedonskonajdobro.com.mk.

„Една од нашите цели од оваа кампања е производите кои ќе се произведуваат и продаваат од македонско потекло да го имаат логото на кампањата „Македонско најдобро“. Во наредниот период ќе останеме во континуирана комуникација со Стопанската комора за заедно да ги надградуваме добрите идеи и идните активности, се со една цел – да вродат со позитивен економски плод”, заклучи министерот.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:кампањаталоготоМакедонско најдоброСтопанската комораТрипуновски
Претходен напис УХМР: До крајот на неделава ќе биде сончево и топло
Следен напис Времето денеска ќе биде сончево и топло со температури до 36 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?