Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Органско Пчеларство – можности и перспективи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Органско Пчеларство – можности и перспективи
Совети

Органско Пчеларство – можности и перспективи

Објавено 27/08/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Целта на органското производство на мед и други пчелни производи не е во количината туку во нивната здраствена исправност . Имено, се тежнее за производство на здраственобезбедна храна без присуство на резидуи. Органски произведениот мед по својот изглед, вкус и хранлива вредност не мора да се разликува од конвенционално произведениот, но во поглед на здраствената исправност постојат значителни и многу важни разлики.

Органскиот начин на пчеларење инсистира на минимална интервенција на пчеларите и во прв ред ги има пчелните семејства и нивната витална улога во многу екосистеми.

Како еден од предусловите за пристап на органското пчеларство се наведува изборот на раса на медоносна пчела. Имено треба да се земе во предвид способноста на инсектите да се прилагодат на локалните услови на животна средина, нивната виталност и отпорност према болести.Предност се дава на користењето на европските раси Apis mellifera и нивните локални екотипови како што е тоа случајот во нашта земја Apis mellifera macedonica.

Посебно внимание се посветува на доброто на пчелите што подразбира забрана за уништување на пчелите во саќето како метод за собирање на медот, практиките како сечење односно одрежување на крилата на матицата и уништување на машкото потомство не се дозволени, освен во случај на сопирање на некоја болест предизвикани од Varroa destructor ( крлеж).

Просторот на кој се наоѓа пчеларникот и површината со медоносни растенија кои ги посетуваат пчелите трба да одговараат на условите на органското производство што е регулирано со пропис, дека пчеларниците мораат да бидат оддалечени минимум 3 км од било какви извори на загадување.

Вештачката исхрана на пчелите е дозволена во периодот од последната паша до 15 дена пред почетокот на следната сезона. Шеќерот кој се користи за правење на храна исто така треба да биде во склад со правилата на органското земјоделство односно исклучиво органски шеќер може да се користи во овие ситуации.

Превенцијата од болести во органското пчеларското производство се заснива на селекцијата на резистентни раси и видови ,вклучувајќи и постапки со кои се зголемува отпорноста према болести, како што се на пр: редовна замена на матици, систематска контрола на кошниците и трутовите, редовна дезинфекција на материјалот и опремата, редовна замена на пчелниот восок и обезбедување на доволно резерви на мед и полен во кошниците.

АПРЗ

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:можностиОрганско Пчеларствоперспективи
Претходен напис Пуштен за сообраќај патот Нова Брезница – Македонски Брод преку Јасен
Следен напис Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево и топло време со постепен пораст на дневните температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?