Денеска го посетив Александар, вредниот фармер во село Сопотница, демирхисарско, кого го запознав уште пред една година, пред да ја преземам министерската функција, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Сакав лично да се уверам како напредува неговата работа и како се реализираат поддршките што ги добива.
Тој е корисник на ИПАРД средства и ми потврди дека субвенциите пристигнуваат навреме, што му овозможува да вложува во реконструкција и инвестиции на фармата.

На фармата моментално има 230 молзни крави.
Има посеано 200 хектари пченка и постојано работи на унапредување на производството.
Овој фармер е еден од многуте примери за тоа како нашата посветеност и континуирана поддршка и на фармерите носат резултати во македонското земјоделство.
Фејсбук статус на Цветан Трипуновски

