Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: По 6 години застој се порибува Охридското езеро со околу милион единки на охридска пастрмка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: По 6 години застој се порибува Охридското езеро со околу милион единки на охридска пастрмка
Агровести

Трипуновски: По 6 години застој се порибува Охридското езеро со околу милион единки на охридска пастрмка

Објавено 15/08/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Денеска се наоѓам во Хидробиолошкиот завод – Охрид, поводот е порибување на Охридското езеро согласно договорот кој го склучивме во Министерството со Хидробиолошкиот завод – Охрид и Институтот за сточарство и рибарство согласно Програмата од 2024 година”, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

„Обврската е да се пориби Охридското езеро со минимум 400.000 единки охридска пастрмка кои се одгледани во Хидробиолошкиот завод – Охрид, и 200.000 единки од Институтот за сточарство и рибарство”, додаде министерот.

Тој истакна дека е информиран од Хидробиолошкиот завод- Охрид дека иако минимумот беше 400.000 единки, сепак се одгледани 620.000 единки со кои ќе биде порибено Охридското езеро во наредниот период. Од Институтот за сточарство и рибарство информираа од минимум 200.000 единки одгледани се околу 350.000 единки на охридска пастрмка.

„Ова е показател дека по шест години застој продолжуваме со порибување на она што претставува наше најголемо богатство, а тоа е охридската пастрмка”, истакна министерот Трипуновски.

„Имаме зголемување на средствата во однос на Програмата за рибарство и аквакултура. Договорите за идната година склучени со Хидробиолошкиот завод – Охрид се од 3,3 милиони денари, додека со Институтот за сточарство и рибарство изнесуваат 1,7 милиони денари. Вкупниот број на риби кои што треба да бидат одгледани од страна на Хидробиолошкиот завод – Охрид се околу 1,1 милион единки со просечна тежина од 3 грама. Додека Институтот за сточарство и рибарство има обврска да одгледа околу 570.000 единки”, додаде министерот Трипуновски.

Тој посочи дека идната година Охридското езеро ќе се пориби со над 1,6 милиони единки. – „Како Министерство работиме да го одржуваме рибниот фонд“, заклучи министерот.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:6 години застојОхридското езеропастрмкапорибуваТрипуновски
Претходен напис Во јуни издадени 213 одобренија за градење
Следен напис Зголемени цените во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?