Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Од 22 пожари на отворено низ државата, активен е само пожарот во Националниот парк Јасен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Од 22 пожари на отворено низ државата, активен е само пожарот во Националниот парк Јасен
Агровести

Од 22 пожари на отворено низ државата, активен е само пожарот во Националниот парк Јасен

Објавено 10/08/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На територијата на државата денеска до 9 часот има вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а изгаснати се 21 пожар, информираат од Центарот за управување со кризи.  Активен е пожарот во Национален парк Јасен во Општина Македонски Брод каде гори мешана шума.

Пожарот, како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување, избил вчера попладне на околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. капија Кула) на ЈП ловиште Јасен. 

-На местото на пожарот веднаш се упатија вработените од Јасен кои дејствуваа врз пожарот од земја на исклучително тежок терен. Набргу потоа со дејство врз пожарот започнаа два „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а подоцна ним им се придружија и два полициски хеликолтера. Пред стемнување пожарот најпрво беше ставен под целосна контрола, а потоа и целосно изгаснат без знаци на горење. Од страна на вработените од Јасен беше извршена контрола на изгаснатата линија на пожарот и никаде не беа забележани знаци на горење. Во текот на ноќта пожарот повторно се реактивирал поради што рано наутро екипите на Јасен повторно излегоа на терен и почнаа со гаснење на местата каде тоа беше возможно од земја. Како поддршка веднаш се упатени два полициски хеликоптера кои со извонредно прецизно дејство помагаат за совладување на овој шумски пожар. Нешто подоцна со дејство започнаа и два „ер трактори“ на ДЗС, информираат од ДЗС.

Од ДЗС посочуваат дека и покрај исклучително тешкиот терен, се прават напори пожарот да биде ставен под контрола во текот на денешниот ден, нагласувајќи дека теренските услови не дозволуваат употреба на специјалните возила на ДЗС.

Од ЦУК информираат дека изгаснати се пожарите во кои горела ниска вегетација,  кај селата Озормиште, Тежето,  Слатино и Џепчиште во Општина Тетово, село Смолари во Општина Струмица, во близина на РЕК Битола, во Општина Новаци, кај селото Отовица, во Општина Велес, кај фирма Мизраше, во Општина Гостивар, кај село Крупиште, во Општина Карбинци, село Братиндол, во Општина Битола, потоа кај Касарна Прилеп и селата Дебреште и Лопоатица, во Општина Прилеп, пожарот до патарината КУ-СК, во Општина Куманово, пожарот кај село Шемшово, во Општина Јегуновце, селото Радуша, во Општина Сарај, пожарот во Општина Ранковце и кај селото Црвивци, во Општина Кичево. 

Запалено ѓубре горело кај село Симница, во Општина Гостивар, и кај железничка станица во Општина Тетово.

Изгаснати се и пожарите во Валандово, каде горела ниска вегетација и плантажа и во село Малчиште, во Општина Студеничани каде горела нискостеблеста вегетација. 

ЦУК

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:22 пожариАктивенЈасенотворено
Претходен напис Огнен ужас на југот во Албанија: Евакуирани цели села поради пожарот
Следен напис ЦУК: Од вкупно осум пожари на отворен простор, активни се четири
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?