Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Високите летни температури и влијание на домашните животни
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Високите летни температури и влијание на домашните животни
Совети

Високите летни температури и влијание на домашните животни

Објавено 08/08/2025
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Летните горештини, во последните неколку години се повидливи, следствено на климатски промени, а појавата на долги и жешки лета, штетно делуваат на домашните животни.

Се поставува прашањето како животните ги преживуваат високите температури и како да им помогнеме за полесно да ги пребродат летните горештини.

Познато е дека животните тешко се адаптираат на високите температури, поради што кај фармерските животни се намалува производството. Стоката во периодот на високи температури брзо се заморува и зема помала количина на храна, која не ги задоволува одржните и производните потреби на животните. Освен тоа, доаѓа до пореметување во репродукцијата, затоа што високата температура непосредно негативно влијае на формирањето и квалитетот на спермата кај машките приплодни грла, како и во стварањето на абнормални јаце клетки и слаб процент на концепција кај женските грла.

Што е повисока температурата и релативната влажност на воздухот, толку животните потешко ја ослободуваат произведената топлина во околината. Заради тоа се јавува температурен стрес, првенствено кај животните кои престојуваат во затворен простор, а во краен случај и топлотен удар.

Како настанува топлотен удар?

Топлотниот удар настанува како последица на зголемено стварање на топлина во телото и проблемите со нејзиното ослободување во околината. Значи не станува збор за локално делување на директните сончеви зраци, туку за последица од силно загревање на целокупниот организам. За оваа состојба дополнително допринесува и отежнатото одавање на топлината во спарниот и топол воздух кој е презаситен со водена пареа. Топлотниот удар најчесто се случува во лето во пренаселени објекти во кои е преслаба вентилацијата, но и за време на превоз на стоката со транспортни средства во кои нема соодветна вентилацијата или се транспортира повеќе стока од дозволените норми. Топлотниот удар се приметува и кај коњи за работа кога времето е спарно, особено ако животните се подебели.

Животните заради топлотниот удар почнуваат да се тетерават, а после тоа обичко паѓааат, како да се во длабока анестазија. Пулсот им е покачен и слабо се слуша, дишењето е површно, а телесната температура е зголемена. Во таква состојба срцевите тонови на животното се слаби и неправилно се слушаат, а видливите слузници попримаат плавкаста боја. Ако на таквото животно не му се помогне, смртта може да настапи одма или за неколку часа.

Животните кои доживеале топлотен удар треба да се полеваат и тријат со ладна вода и на тој начин да се проба да се намали телесната површина. На животните треба да има се даде вода за пиење, затоа што тоа го зголемува лачењето на пот, а тоа доведува површинско ладење на телото. Исто така треба што побрзо да се повика ветеринар кој ќе му даде на животното средства за нормална работа на срцето и крвотокот, а по потреба и средства за спречување на дехидрација.

Спречување на топлотен стрес, односно топлотен удар, се спроведува така што при температури над 30°С и релативна влажност од 80%, животните треба додатно да се разладуваат (со полевање на лежиштата со ладна вода или со распрскување на вода со вентилатори, односно со тушеви над просторот на престој на животните). Ова пред се, се однесува за говедата, свињите и живината затоа што овие животни најтешко ги поднесуваат високите температури и релативната влага на воздухот во објектот.

На животните може да им се помогне со летните горештини така што ќе се засили работата на вентилаторите во објектот или ќе се створат услови за поголема природна измена на воздухот (отварање на прозорци и врати). Денешниот начин на изградба на објекти, првенствено во говедарството (полуотворен систем на држење) Систем за ладење на фарма Животните треба да се хранат дури кога ќе зајде сонцето значително ги подобрува одгледување условите на затворените објекти. стока за од Значи објектите со надворешна климатизација треба повеќе да се препорачуваат во одгледувањето на говеда, традиционално затворени од досегашното држење објекти, во бидејќи подобрените одгледување услови на за животни позитивно влијаат и на нивните производни резултати.

Систем за ладење на фарма

Животните треба да се хранат дури кога ќе зајде сонцето

Во период кога животните се повеќе изложени на топлотен стрес пожелно е да се хранат после заоѓањето на сонцето, затоа што ниските температури во текот на ноќта помагаат стоката да закрепне од влијанието на високите дневни температури. Освен тоа напасувањето треба да се организира така што животните се пуштаат на пасиштето наутро во 7 часот, после молзењето и таму да останат до пладне. Потоа се враќаат во шталата и до 17 часот, т.е. до вечерното молзење се хранат со пченкарна силажа по воља. После повторно се пуштаат на пасиште, каде остануваат до 22 часот. Ноќта ја поминуваат во шталата со прихрана со пченкарна силажа.

Ваквиот наизменичен начин на исхрана со напасување и пченкарна силажа може да го зголеми производството на млеко за 10% од традиционалниот начин на напасување, кој трае од 7 до 17 часот со прихрана на кравите во шталата со силажа. Со наизменичниот начин на исхрана се постигнува поволен сооднос на протеините и енергијата во оброкот, а овозможува и подобра синхронизација на варењето во бурагот, што е многу важно за оптимално производство на млеко. При овој начин на производство треба да се предвиди потребата од повеќе работна снага за изнесување и собирање на стоката.

На пасиштата каде што стоката престојува поголемиот дел од денот, а нема природна заштита, треба да се изградат настрешници како би можела таа да се засолни за време на жешките периоди.

Стоката сама бара сенки на пасиштата и не пасе од 11 до 15 часот. Покрај горе наведеното на животните во текот на летото треба да им се обезбеди доволна количина свежа вода за напојување (табела).

Потребите за вода зависат од видот и категоријата на животните, нивната старост, физиолошката состојба, начинот на исхрана, продуктивноста и условите во околината.

Значи, зависно од тежината на животните, количината на сува материја, влакната и минералите во исхраната, физиолошката состојба, како и од температурата и релативната влага во воздухот зависи и количината на потребната вода за напојување на животните.

АПРЗ РЕ Неготино

Национален координатор за сточартсво

Ѓоко Данаилов

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:Високитевлијаниеживотнилетни температури
Претходен напис Календар на земјоделски активности во месец АВГУСТ
Следен напис Повторно се врати топлиот бран со температури до 39 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?