Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: УЈП: Преку електронски аукции во државната каса инкасирани 314.230 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > УЈП: Преку електронски аукции во државната каса инкасирани 314.230 евра
Агровести

УЈП: Преку електронски аукции во државната каса инкасирани 314.230 евра

Објавено 08/08/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управата за јавни приходи информира дека за период 01.01 до 31.07.2025 година, преку спроведување на електронски аукции на движни и недвижни предмети успешно се наплатија даночни долгови од физички и правни лица. По тој основ, во државниот буџет се инкасирани вкупно 19.419.411 денари (приближно 314.230 евра).

Преку е-аукција  за период 01.01.2025 година, а заклучно со е – аукцијата во јули  продаден е недвижен имот со вкупна површина од 302 м² и тоа:

– стан од 72 м² (Охрид)

– деловен простор од 111 м² (Струмица)

– земјиште од 103 м² (Прилеп)

– просторија на мезанин од 17 м² (Скопје)

Вкупната постигната продажна вредност на  недвижниот имот изнесува 13.289.807 денари (215.045 евра).

Исто така за период 01.01 до 31.07.2025 година на одделни месечни аукции  беа продадени и 26 движни предмети, меѓу кои патнички и товарни моторни возила, како и 10 машини за шиење и кроење. Вкупната вредност на овие предмети изнесува 6.129.604 денари (99.177 евра).

Од постигнатата цена на аукција, прво се наплаќаат трошоците за постапката, потоа каматата, а на крај главниот долг на даночниот обврзник.

Поради неплатени даночни обврски, а по две неуспешни аукции, за период 01.01 до 31.07 годинава државата се стекна со следниот недвижен имот;

– деловна просторија од 21 м² (Прилеп)

– земјоделско земјиште од 13.333,92 м² (Кавадарци)

– деловен простор од 259 м² и викендица од 91 м² (Струмица)

– два стана од по 93 м² (Битола)

Проценетата вредност на стекнатиот имот изнесува 33.176.370 денари (536.794 евра).

Државата се стекнува со имот од неплатени даночни обврски кога имотот нема да се продаде на две е – аукции. Во таков случај долгот на должникот се отпишува за 50% од проценетата вредност на имотот кој преминува во државна сопственост.

Управата за јавни приходи (УЈП), согласно законските овластувања, спроведува електронски аукции (е-аукции) како дел од постапките за присилна наплата на даночни долгови. Оваа мерка се применува во случаи кога даночните обврзници не ги подмируваат своите обврски доброволно и откако ќе бидат исцрпени другите, поекономични методи за наплата. Е-аукциите претставуваат продолжение на законската постапка за обезбедување и заплена на имот на должниците. Целта е обезбедување ефикасна наплата на јавните приходи и правична наплата на долговите кон државата, со што се гарантира фер третман на сите даночни обврзници и се штити државниот буџет. УЈП преку своите служби за присилна наплата и даночните извршители ги спроведува овие постапки транспарентно, преку јавна веб платформа.

Управата за јавни приходи апелира до сите граѓани и правни субјекти навремено да ги исполнуваат своите даночни обврски. Неплаќањето на данок навреме предизвикува сериозни финансиски и правни последици. Се акумулираат камати и казни, се покренуваат постапки за присилна наплата, а во крајна инстанца може да дојде до одземање на личен или деловен имот.

Исполнувањето на даночните обврски не е само законска обврска – тоа е чин на одговорност кон себе и кон заедницата. Со навремено плаќање, граѓаните и компаниите придонесуваат кон стабилна економија, функционални институции и повеќе средства за проекти кои нудат поквалитетни услови за живот за сите.

Даночната обврска е законска должност. Неплаќањето не е избор – тоа носи последици.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:314.230 евраелектронски аукцииинкасираниујп
Претходен напис Во пожарите во Албанија ангажирана војската и побарана меѓународна помош
Следен напис Денес, во текот на попладневните часови, граѓаните ќе добијат тест-СМС порака преку системот cell broadcasting
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?