Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Народна банка: Се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, каматните стапки непроменети
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Народна банка: Се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, каматните стапки непроменети
Агровести

Народна банка: Се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, каматните стапки непроменети

Објавено 30/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Каматните стапки остануваат непроменети, односно каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 5,35 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 3,95 отсто и 4 отсто соодветно. Понудата на благајничките записи на редовната аукција ќе биде исто така непроменета, односно ќе изнесува 10 милијарди денари, одлучи Извршниот одбор за монетарна политика на Народната банка.

Со ваквата одлука, како што појаснуваат оттаму, се задржува внимателниот пристап при водењето на монетарната политика, соодветно на условите во економијата и на ризиците што произлегуваат од надворешното и домашното окружување.

– Целокупниот сет досегашни мерки — тековните каматни стапки, промените кај задолжителната резерва и применетите макропрудентни мерки — е насочен кон одржување на ценовната стабилност на среден рок и кон зачувување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото, велат од централната банка.

Препораката на Народната банка е внимателно да се следи инфлацијата. – Ризиците за идната динамика на инфлацијата и натаму постојат и се поврзани со натамошната неизвесност од променливото надворешно окружување, но и од домашните фактори што влијаат врз побарувачката, велат од централната банка.

Состојбата на девизниот пазар е стабилна и на крајот на јуни, нивното ниво изнесува 4.697,6 милион евра, што, според оценките на Народната банка, е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута.

– Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со јуни упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери коишто се во согласност со очекувањата според априлската проекција, додека трговскиот дефицит остварен во април и мај засега е понизок од проекциите за вториот квартал. Во првиот квартал од 2025 година, тековите во билансот на плаќања се близу до очекувањата, се наведува во соопштението од централната банка.

Во однос на економската активност, од Народната банка оценуваат дека расположливите високофреквентни податоци за вториот квартал од годинава главно упатуваат на забрзување на економскиот раст, поткрепено од поволните движења во градежништвото, индустријата и угостителството, но дека ризиците за растот во наредниот период од надворешното окружување се претежно надолни, што се поврзува со високата непредвидливост во услови на геополитички и трговски тензии. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката со којашто ќе се остваруваат домашните инфраструктурни проекти се едни од најважните фактори што ќе влијаат врз темпото на раст на домашната економија, велат од Народната банка.

Остварувањата во монетарниот сектор покажуваат натамошна солидна кредитна поддршка на економијата, којашто е над очекуваната динамика. Во јуни депозитите и кредитите бележат солидни стапки на раст, коишто се повисоки од априлските проекции.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:каматните стапкинародна банканепроменети
Претходен напис Приведено 59-годишно лице за палење оган кај автопатот Скопје – Тетово
Следен напис Дел од патот Градско – Прилеп целосно затворен за сообраќај од 3 август
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?