Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Здружението на инженери на Македонија со итно барање до Владата за пристап до јавни информации за ветерниот парк во Штип
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Здружението на инженери на Македонија со итно барање до Владата за пристап до јавни информации за ветерниот парк во Штип
Агровести

Здружението на инженери на Македонија со итно барање до Владата за пристап до јавни информации за ветерниот парк во Штип

Објавено 29/07/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска до Владата на Република Северна Македонија и нејзините министерства го испративме следното барање за информации од јавен интерес во врска со најавениот почеток на изградбата на ветерниот парк на странскиот инвестициски фонд „Алказар Енерџи“.

Според одговорите ќе видиме како Владата се однесува кон природните ресурсите на државата и кон граѓаните. Се работи за отстапување на многу важни природни ресурси, поради што граѓаните ќе претрпат големи загуби и за што сметаме дека не се запазени многу законски процедури, но да го почекаме одговорот.

================================

Oд ИЛИЈА БЕНДЕВСКИ ( Администратор ),

Здружение на инженери на Република Македонија (З_ИРМ)

ул. Васко Карангелевски бр 17 Битола.

телефон 075 541 917,

e-mail: [email protected]

Предмет:

БAРАЊЕ ЗА ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР ЗА ИЗГРАДБА НА ВЕТЕРЕН ПАРК ВО ШТИП

До:

Влада на Република Северна Македонија, e-mail: [email protected]

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини: e-mail: [email protected]

Министерство за економија и труд, e-mail: [email protected]

Министерство за животна средина и просторно планирање e-mail: [email protected]

Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), e-mail: [email protected],

МЕПСО, e-mail: [email protected]

Почитувани,

Врз основа на член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап на информации од јавен карактер (Сл. весник на РСМ број 101/2019), бараме институциите наведени во насловот да ни овозможи слободен пристап до следните информации од јавен карактер:

БАРАМЕ во најкраток можен рок да ни биде доставена (или објавена на веб-страниците на надлежните институции) целосната документација поврзана со најавената инвестиција на инвестицискиот фонд „Алказар Енерџи“ за изградба на ветропарк во околината на Штип, вклучително, но не ограничено на:

1. Одлуки, записници и акти на Владата и надлежните министерства во врска со проектот;

2. Јавен повик, договори, меморандуми или други форми на спогодби склучени со инвеститорот;

3. Студија за оцена на влијанието врз животната средина (ОВЖС), со прилози;

4. Урбанистичка документација за предвидената локација (детален урбанистички план, урбанистички проект и слично);

5. Издадени одобренија за градба;

6. Издадени лиценци, дозволи и согласности од страна на РКЕ, МЕПСО, Министерството за економија, Министерството за животна средина и локалната самоуправа;

7. Документи поврзани со доделување на концесија, доколку истата е издадена;

8. Документација за јавни расправи и консултации со засегнатата јавност (објави, стенограми, присуства, забелешки од јавноста);

9. Проценка за трошоци и корист (cost-benefit анализа) за државата и граѓаните;

10. Стратегиска анализа и енергетски развоен план во кој е вклучен овој проект;

11. Информации за сопственичката структура на „Алказар Енерџи“, вклучително и посредници и правни субјекти ангажирани во постапката.

12. Документација и/или студија што морала да биде изработена од страна на МЕПСО во врска со приклучувањето на ветропаркот на електроенергетската мрежа, вклучително и технички, правни и финансиски аспекти на приклучокот.

Имајќи предвид дека станува збор за објект од стратешко значење за државата, со влијание врз природните ресурси, животната средина и цената на енергијата за граѓаните, сметаме дека објавувањето на целата документација е во јавен интерес, кога информацијата се однесува на заштита на животната средина, природни ресурси и здравјето на населението.

Доколку институцијата смета дека дел од информациите содржат заштитени или доверливи податоци, бараме применување на начелото на „одвојување“ , со доставување на достапните делови од документацијата.

Бараме наведените информации да ни бидат доставени во електронска форма преку е-пошта или во писмена форма, согласно законски предвидениот рок и согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Очекуваме Ваш одговор во законскиот рок од 20 дена.

Битола 27.07.2025год

Со почит,

1. Ана Лазаревска, проф. д-р, дипл. маш. инж.

2. Атанаско Тунески, проф. д-р, дипл. маш. инж.

3. Дејан трајковски, проф. д-р, дипл. маш. инж.

4. Ели Секуловска, дипл. ел. инж.

5. Илија Петровски, проф. д-р, дипл. инж. инж. во пензија

6. Илија Бендевски, дипл. ел, инж. во пензија

7. Методија Величковски , Ген. потполковник во пензија

8. Цветко Милопевски, дипл. ел. инж. во пензија

9. Татјана Илиевска, дипл. ел. инж.

10. Златко Поповски, дипл.ел. инж. во пензија

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ветерниот паркВладатаЗдружението на инженериинформацииитно барањеШтип
Претходен напис Среќни ВЛТ вести: Мице Анѓелкоски од Македонски Брод е нов милионер, освои 1.475.310 денари
Следен напис Географските ознаки за вино се единствен пат за развој на винарство и лозарство во Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?