Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Фондот за пензиско и инвалидско осигурување воведува СМС-известувања за решенија за пензија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Фондот за пензиско и инвалидско осигурување воведува СМС-известувања за решенија за пензија
Агровести

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување воведува СМС-известувања за решенија за пензија

Објавено 29/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија од денеска започнува со нова услуга за известување на граѓаните преку СМС-пораки за подигнување на решенијата за пензија. Секој граѓанин што поднел барање за остварување право на пензија ќе добие порака со информации каде и кога може да го подигне изготвеното решение.

Како што информираат од Фондот, оваа новина е дел од напорите за подобрување на квалитетот и ажурноста на услугите, како и за намалување на гужвите и непотребните доаѓања на шалтерите. 

СМС-пораката што ќе ја добијат граѓаните ќе гласи: „Вашето решение со бр. хххххххххххххх е изготвено. Истото можете да го подигнете во Филијалата/Деловницата на ФПИОСМ каде што е поднесено барањето.“

Покрај оваа новина, Фондот информира дека е воспоставен и нов Кол Центар преку кој граѓаните можат да добијат информации за статусот на предметот или поднесеното барање, како и за условите за стекнување на старосна пензија, семејна пензија, инвалидска пензија, најнизок износ на пензија, остварување на права со примена на меѓународни договори, скратено работно време, промена на работно место, непосредна опасност од настанување на инвалидност, утврдување на својство на осигуреници како земјоделци, продолжено осигурување, упатени во странство и вработени во странство, посебни категории на осигуреници како верски лица, остварување на права за осигуреници со бенефициран стаж, задршки од пензија, услови за остварување на право за сместување во пензионерски дом.

Дополнително, преку националниот портал uslugi.gov.mk, достапни се 13 електронски услуги и тоа: барање за остварување на право на старосна пензија, барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – упатени работници во странство, барање за издавање решение за утврдување на својство на осигуреник – вработени во странство, барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – верски службени лица, барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – индивидуален земјоделец, барање за издавање на решение за утврдување на својство на осигуреник – продолжено осигурување, барање за донесување на наод, оцена и мислење за права од Законот за работни односи, донесување наод, оцена и мислење согласно одредбите од Законот за вработување на инвалидни лица, потврда за исплатени пензии во периоди, потврда за исплатени пензии и спроведени задршки од пензија, преглед за пресметан и платен данок од доход за исплатени пензиски примања, потврда за сметка во банка, потврда за корисник на пензија без податок за износ на пензија.

Во фаза на тестирање се и нови услуги, како што се барање за остварување на право на семејна пензија, барање за остварување на право на инвалидска пензија, барање за остварување на право на паричен надомест за телесно оштетување, издавање на дупликат решение.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пензијапензискорешенијаСМС-известувањаФондот
Претходен напис Посвежо време со локални врнежи и максимална температура до 35 степени
Следен напис Состојба на патиштата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?