Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ПЛАНИНИ И ШУМИ ВО ПЛАМЕН, СЕЛАТА ПОД ЗАКАНА Огнот стаса и до Малешевијата и Прилеп
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ПЛАНИНИ И ШУМИ ВО ПЛАМЕН, СЕЛАТА ПОД ЗАКАНА Огнот стаса и до Малешевијата и Прилеп
Агровести

ПЛАНИНИ И ШУМИ ВО ПЛАМЕН, СЕЛАТА ПОД ЗАКАНА Огнот стаса и до Малешевијата и Прилеп

Објавено 26/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Пожари беснеат низ неколку региони во државата, најкритични се Прилеп, Василево, Берово и Штип. Надлежните служби на терен, но непристапниот терен и ветерот ја отежнуваат контролата.
Во пресекот на денот до 12 часот во Македонија се регистрирани се 12 пожари на отворен простор, од кои 6 се сè уште активни, 3 се ставени под контрола, а 3 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУK).

Еден од најсериозните пожари е оној што се проширува во атарот меѓу Василево, Радовиш и Берово, каде се гори планински предел – Голем Готен и делови од Малешевските Планини. Станува збор за пожар кој уништува нискостеблеста шума, смрека и густа вегетација, а пристапот до некои точки е речиси невозможен за теренските екипи.

Во Прилепскиот регион, два пожари се сè уште активни. Едниот се проширува во село Бешиште, каде огнот се движи кон село Градешница и кон граничниот појас со Грција, горејќи мешана шума. Вториот пожар е активен во кракот кон село Дрен, додека делот помеѓу Царевиќ и Смолани засега е под контрола. Овие пожари постојано се реактивираат поради ветерот и високите температури.

Во општина Македонски Брод, повторно се шири пламен меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа. Станува збор за пожар кој зафаќа деградирана дабова шума и грмушки, а теренот е крајно непристапен.
Штипскиот регион се бори со нов пожар помеѓу селата Драгоево и Селце, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева, што ја зголемува опасноста од неконтролирано ширење.

Во општина Желино, огнот беснее меѓу селата Церово и Групчин, каде гори деградирана и нискостеблеста шума, а пожарот се движи по тешко пристапни падини.

Од другите пожари, тројца се ставени под контрола — тоа се пожарите во Грешница и Латово (Македонски Брод) и во Јунузлија (Карбинци). Иако ситуацијата таму е под контрола, надлежните остануваат на терен поради ризикот од повторна активација.

Добрата вест е дека три пожари се целосно изгаснати – во Струмица (место викано Три Води), во село Гумалево (Зелениково) и во Шуто Оризари, каде изгоре дива депонија на улица Брсјачка Буна.

ЦУК и сите надлежни служби апелираат на внимателност, особено кај граѓаните кои се движат или престојуваат во природа. Човечки фактор останува една од главните причини за настанување на пожари, а последиците можат да бидат катастрофални.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:горипожарселафактор
Претходен напис Стоилев: Наскоро исплата на субвенции за МЛЕКО и за предадени ГРАДИНАРСКИ култури
Следен напис Сончево време со мала до умерена локална облачност и максимална температура до 37 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?