Започна првата берба на овогодишниот планинскиот чај во село Тумчевиште.
Членките на здружението МОЈА ФАРМА со радост и задоволство ги собираа првите оформени цветови. Чајот е со добар квалитет и се очекува да има успешен пласман на локалниот пазар. После напорнта работа и посветеност резултатите се неминовни до поставената цел да се постигне економско јакнење на жените од руралните средини.

Оваа активност се реализира во рамките на проектот ,, Руралната жена – чувар на планинскиот чај,, финансиски поддржан од CNVP Foundation и Prespa Ohrid Nature Trust – PONT
