Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: Имаме сериозен раст на извозот на земјоделски производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: Имаме сериозен раст на извозот на земјоделски производи
Агровести

Трипуновски: Имаме сериозен раст на извозот на земјоделски производи

Објавено 18/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски смета дека денеска објавените статистички податоци за извозот на земјоделски производи се јасен показател дека земјоделските политики се движат во вистинска насока и дека во иднина земјата не само што ќе ги задоволува домашните потреби, туку и ќе го зголемува извозот. 

– Споредувајќи ги првите пет месеци од 2024 година со првите пет месеци од 2025 година во делот на извозот бележиме раст над 50 проценти. Во апсолутна бројка тоа е околу 57 милиони евра што е сериозен раст. Овој раст значи дека успеваме домашните земјоделски производи да ги промовираме и надвор од границите на државата што во иднина ќе значи враќање на тоа што Македонија некогаш била да ги задоволува домашните потреби, но и да извезува. Реченицата Македонија увозна храна полека да станува минато, подвлече Трипуновски, кој денеска ја промовираше новата кампања „Македонско најдобро“.

Посочи дека е формирана работна група која прави анализа за ефектите на субвенциите и дека првичните анализи покажуваат дека причините за падот на земјоделското производство не се само субвенциите, но дека ќе се направи мала модификација во овој дел во 2026 година со цел да се зголеми домашното производство. 

– Првичните анализи покажуваат дека причините за падот на производството не се само во субвенциите, напротив тие се момент на одржување на земјоделците, меѓутоа изминатите години бевме сведоци на тоа дека Владата и Министерството не го ставаа земјоделското производство како приоритет. Ги наследивме субвенциите кои беа со сериозно задоцнување и ги исплативме, а тековно ги сервисираме сите субвенции кои што се по календарот на исплата со што градиме доверба на земјоделците кон институциите што во минатото не беше случај поради што дел од земјоделската популација го напушташе земјоделското производство, рече Трипуновски.

Извор – 24Вести

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјоделски производикампањатрипуновскицветан
Претходен напис (ВИДЕО) Почнува кампањата: „Македонско најдобро“!
Следен напис Од утре многу топло време, следната седмица над 40 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?