Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски изјави дека годинава ќе има рекордна цена на најзастапените сорти на грозје, Вранец 21.3 денари, Смедеревка 18.9 денари по килограм.
„Денеска сум овде во посета на млад земјоделец со кој што разговаравме во делот на лозаропроизводството. Радува фактот кога млади луѓе се одлучуваат да се занимаваат со земјоделство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Министерот Трипуновски истакна дека оваа година се очекува зголемен принос на винското грозје, некаде над 100 милиони килограми.
