Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Топлотен бран во Европа: Климатските промени тројно го зголемија бројот на жртви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Топлотен бран во Европа: Климатските промени тројно го зголемија бројот на жртви
Агровести

Топлотен бран во Европа: Климатските промени тројно го зголемија бројот на жртви

Објавено 09/07/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Климатските промени речиси тројно го зголемија бројот на смртни случаи поврзани со топлина во големите европски градови за време на екстремниот топлотен бран од крајот на јуни до почетокот на јули, покажува нова студија.

Истражувачи од Велика Британија, Данска, Холандија и Швајцарија ги анализирале условите во 12 големи европски градови помеѓу 23 јуни и 2 јули. Според нивните проценки, околу 2.300 лица починале од причини поврзани со топлина во овој десетдневен период, при што околу две третини од смртните случаи – приближно 1.500 – се припишуваат на климатските промени, пренесува ДПА.

Температурите во многу градови достигнаа екстремни нивоа, често надминувајќи 40 степени Целзиусови.

Според студијата, без глобалното затоплување, кое ги зголемило дневните температури за дополнителни 1 до 4 степени Целзиусови, околу 800 лица би починале од топлина. Истражувачите ги споредиле реалните температури забележани во градовите со моделирани вредности што би се случиле без климатски промени, пресметувајќи го очекуваниот број на смртни случаи за двете сценарија.

Топлотниот бран особено ги погоди ранливите групи, како лицата со хронични болести и постарите лица, при што 88 отсто од проценетите смртни случаи биле кај лица над 65 години.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бројотЕвропажртвиклиматските променитоплотен бран
Претходен напис Трипуновски: За скоро ќе ја истакнеме производната цена на винското грозје
Следен напис Полицискиот хеликоптер утринава фрли 30 тони вода врз пожарот во Дојран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?