Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трипуновски: За година дена над 170 договори се раскинати поради злоупотреби, ослободени се околу 3.000 хектари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Трипуновски: За година дена над 170 договори се раскинати поради злоупотреби, ослободени се околу 3.000 хектари
Агровести

Трипуновски: За година дена над 170 договори се раскинати поради злоупотреби, ослободени се околу 3.000 хектари

Објавено 08/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
DCIM100MEDIADJI_0068.JPG
Сподели
Ad imageAd image

„Јавните повици кои што ги распишуваме наменети се за помалите земјоделци кои што не можат да го достигнат прагот за ИПАРД средства. Ние како држава ги помагаме за да влезат во процесот, да застанат на свои нозе и да можат наредните години да бидат корисници на ИПАРД средства“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Министерот Трипуновски посочи дека преку јавните повици и земјоделските стопанства можат да го модернизираат своето производство.

„Ова е еден од начините како помагаме на помалите земјоделци. Не зборувам само од аспект на финансиски поддршка, туку и во аспект на распределба на земјоделското земјиште. Ако сакате некого да убедите да влезе во земјоделски процес потребно е да му дадете механизација, но и земјоделско земјиште“, појасни министерот.

Тој посочи дека во изминативе 12 месеци се реализираа два јавни повика за распределба на земјоделско земјиште при што беше опфатена целата територија на Македонија. Над 2.100 договори се склучија, се распределија околу 6.000 хектари.

„Морам да потенцирам дека не течеше само процесот на распределба на земјоделско земјиште, туку течеше и процесот на контрола на евентуални злоупотреби при што над 170 договори се раскинаа во изминатава година дена, повеќе од 2.500 до 3.000 хектари се ослободени“, истакна министерот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:договориземјаогласиповицихектари
Претходен напис Наскоро нов ИПАРД повик за Мерка 7: Грантови до 600.000 евра за рурален туризам
Следен напис Сончево со температура до 38 степени, во северните делови услови за дожд, од утре посвежо време
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?