Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Повторно функционален и пуштен во употреба мостот на реката Вардар – Башино Село во Општина Велес
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Повторно функционален и пуштен во употреба мостот на реката Вардар – Башино Село во Општина Велес
Агровести

Повторно функционален и пуштен во употреба мостот на реката Вардар – Башино Село во Општина Велес

Објавено 08/07/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повторно е во функција мостот на реката Вардар – Башино Село во Општина Велес. По зајканувањето на неговата долна конструкција (греди и столбови) издржува товар до 40 тони и граѓаните можат безбедно да се движат.

Мостот е изграден во 1971 година, пред повеќе од пет децении, а последните 15 години беше високо ризичен поради што Владата, по препорака на Градежниот факултет, во јануари годинава беше задолжена да го затвори.

-По шест месеци повторно сме тука, со исполнето ветување кое тогаш го дадовме пред граѓаните. Ги завршивме работите на мостот многу побрзо од што се очекуваше. Се зајакнаа гредите и столбовите и сега мостот е стабилен и функционално е многу јак, истакна директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски.

Тој најави дека во соработка со Министерството за транспорт веќе е во фаза проектирање на нов мост.

-Проектирањето е при крај, се надеваме дека во втора половина на годината ќе се објави тендерот за изградба на мостот и тоа по нова технологија што досега не сме ја имале во земјава, подвлече Трајановски.

Премиерот Христијан Мицкоски информира дека мостот е пуштен во употреба, како и дека безбедноста е, како што рече, на прифатливо ниво.

-Сега сите сме сведоци дека повеќе не треба да ја користиме честичката „ќе“, туку „е“ – мостот е пуштен во употреба, бидејќи веќе сообраќаат тука возила и товарни и лесни патнички, така што цениме дека безбедноста е на прифатливо ниво. Овој потфат беше прилично брз, ефикасен и еве, конечно мислам дека ќе успееме да обезбедиме побрз транспорт во рамките на градот Велес, рече Мицкоски.

Според градоначалникот на Велес Марко Колев, во изминатите 15 години ниту еден премиер или министер не презел ништо за санација на мостот.

-Кога локалната и централната власт седнуваат на маса и разговараат, доаѓаат до вакви решенија за пробпемите што ги мачат граѓаните. Преку 15 години мостот беше проблем. Не знам колку премиери и министри за транспорт и колку директори на јавни претпријатија дојдоа на оваа локација, но даваа ветувања од кои немаше ништо. Пред шест месеци, по добивањето на извештајот од Градежниот факултет за алармантноста на состојбата, мостот беше затворен. Факултетот направи техничко решение, Владата овозможи негова реализација и денес веќе долниот дел од мостот е целосно реконструран. Мостот е пуштен за сообраќај во двата правца, граѓаните можат безбедно да се движат. Вкупно 15 години се зборуваше за оваа работа, но оваа Влада за шест месеци го направи ова. Пораката до граѓаните е без страв да комуницираат меѓу овој и другиот дел на градот и безбедно да се движат по мостот, истакна Колев. 

Премиерот Мицкоски во Велес беше придружуван од министерот за транспорт Александар Николоски. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Вардар - Башино СелоВелесмостотПовторно функционален
Претходен напис АМСМ: Нормален режим на сообраќај на делница Башино Село – Велес
Следен напис До 12:30 часот девет активни пожари, еден локализиран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?