Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
Агровести

Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска

Објавено 05/07/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откупната цена на пченицата од 12 денари за килограм и покривање на сите трошоци за производителите е неприфатлива за Националната мрежа на земјоделци. Ѓорѓи Каракшев од Националната мрежа на земјоделци вели дека откупната цена  е далеку пониска од производната цена, којашто е  изготвена уште во 2023 која се движи околу 19 денари за килограм пченица. Тој бара државата да интервенира во исплатата на разликата помеѓу производната и откупната цена. Инаку, во полн ек е жетвата на лебното зрно, односно на пченицата во Овче Поле и штипскиот регион се очекува овогодинешната реколта на пченица да даде добар род и квалитетно зрно. Каракашев додава дека според првичните анализи во просек треба да се жнее околу 3.000 килограми на хектар.

-Очекуваме да имаме околу 160.000 до 180.000 тони производство на пченица, а нашите потреби се многу поголеми, односно ќе немаме ни пола од она што ни е потребно и ќе мора да увезуваме, рече  Каракашев, од Националната мрежа на земјоделци.

Тој посочи дека при крај е жетвата и на јачмен, а земјоделците добиваат од 300 до 350 килограми по декар. Јачменот се откупува по 9,5 денари за килограм.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски вчера  инфрмираше дека  е постигната откупна цена за пченицата. Килограм ќе се откупува по нето цена од 12 денари.

-Сите оние кои во наредниот период ќе имат предавање на пченица од реколта 2024/2025 согласно кажаното принос и квалитет оваа година мелничарите ќе ја откупуваат пченицата од прва и втора категорија,во прва категорија, бидејќи како што потенцирав квалитетот е одличен. Откупната нето цена за пченицата ќе биде 12 денари, плус дополнителните трошоци кои следуваат, изјави Трипуновски.

Тој посочи дека тенденцијата на Министерството е да се стигне до нивото на производство кое ќе ги задоволи домашните потреби.

Во реколта 2024/2025 под житни култури се засеани 152.080 хектари, од кои 70.000 се со пченица. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:12 денарилебното зрноНационалната мрежа на земјоделцинискаоткупната цена
Претходен напис По околу половина час се чека на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“
Следен напис ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?