Постигнат договор за откупот на лебното жито од реколтата 2025, информира министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.
Пченицата од прва и втора категорија ќе се откупува во прва категорија;
Откупна нето цена: 12 денари + дополнителни трошоци;
Зголемена цена во споредба со минатата година.
Овој договор е резултат на интензивни состаноци со потсекторската група, земјоделски здруженија и претставници од мелничко-пекарската индустрија.
Министерството и Владата се посветени на тоа трудот на македонскиот земјоделец да биде соодветно вреднуван. Нашата цел е да стигнеме до ниво на производство кое ќе ги задоволи целосно домашните потреби.
