Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Анкета: Речиси осум од десет Грци сметаат дека е важен скандалот со европските земјоделски субвенции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Анкета: Речиси осум од десет Грци сметаат дека е важен скандалот со европските земјоделски субвенции
Агровести

Анкета: Речиси осум од десет Грци сметаат дека е важен скандалот со европските земјоделски субвенции

Објавено 03/07/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Речиси осум од десет Грци, односно 76 отсто сметаат дека е многу или прилично важен скандалот со европските земјоделски субвенции, според истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Скандалот со Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ, меѓу кои и земјоделска помош во Грција (ОПЕКЕПЕ) го откри истрагата на европската јавна обвинителка и поради вмешаноста оставки си поднесоа министер во грчката Влада и тројца заменици, а целиот случај во изминатиот период е главна тема во Грција.

На прашањето на кого се однесува случајот со ОПЕКЕПЕ, 33 отсто од испитаниците одговориле „на актуелната Влада“, а исто толку анкетирани сметаат дека се однесува на сите партии.

На политичката сцена, според резултатите од истражувањето на јавното мислење,  Нова демократија и понатаму е на првата позиција со 24 отсто, втора е ПАСОК со 11,5 проценти, трета Курс на слободата, а потоа следат, со рејтинг помал од десет отсто, Грчко решение, Комунистичката партија и СИРИЗА.

Истражувањето на агенцијата „Pulse“ за „Скај“ било спроведено од 27 јуни до 1 јули со анкетирани 1.212 граѓани. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:АнкетаГрциевропските земјоделски субвенциискандалотсметаат
Претходен напис Топол бран до средината на следната седмица, ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните
Следен напис Лесен, посен и здрав оброк: Рецепт за Туна салата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?