Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Димковски: Наскоро исплата на 400 денари за јагне предадено во кланица и 700 денари за оставено женско јагне
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Механизација > Димковски: Наскоро исплата на 400 денари за јагне предадено во кланица и 700 денари за оставено женско јагне
МеханизацијаСубвенции

Димковски: Наскоро исплата на 400 денари за јагне предадено во кланица и 700 денари за оставено женско јагне

Објавено 28/04/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од почетокот на годинава се исплатени 85 милиони евра за субвенции, со што се исплатени сите основни мерки, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, во денешната дебатна емисија „Топ тема“ на телевизија Телма.

„Нема кратење на буџетот за субвенции и тие се исплаќаат редовно. Денеска околу 110 милиони денари се префрлени за сервисирање на заостанати обврски и прво што ќе се исплати ќе биде дополнителната субвенција од 400 денари за предадено јагне во регистрирани кланични капацитети  како и за дополнителната мерка од 700 денари за оставено женско јагне во сточниот фонд“, додаде Димковски.

Тој нагласи дека поради намалениот извоз на јагне како последица од глобалната пандемија, вкупната финансиска поддршка за оставено женско јагне се зголеми на 2500 денари, што на некој начин значи субвенционирање на целата вредност на јагнето. 

Во вечерашната емисија на телевизија Телма, министерот Димковски посочи дека со цел да им се помогне на производителите на зелка, Владата денеска донесе интервентна мерка за дополнителна субвенција од 3 денари за продадена зелка кај регистрирани откупувачи. 

Одговарајќи на прашања од земјоделците, Димковски потенцираше дека Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство со Светска банка работи на голем проект за модернизација на земјоделство со кој ќе се изградат три откупни центри, два помали и една агрофуд-платформа која ќе биде лоцирана во Скопје и  која ќе ја опслужува не само нашата држава, туку и земјите во регионот.

„Постапката за изградба на откупни центри е во тек и дека веднаш откако во Собрание ќе се изгласа Законот за задолжување, ќе се започне со инвестиции во изградба на откупни центри во Скопје, Ресен и Струмица“, изјави Димковски.

На прашањето од земјоделците за новиот модел за заштита од временски непогоди, Димковски информираше дека од почетокот на следниот месец започнува активната заштита од град со авионско засејување на облаците со сребрен јодид, со што ќе се спречи земјоделците да претрпуваат загуби поради невреме. Управата за хидрометеролошки работи ги има завршено елаборатите, тендерот е завршен, а деновиве се очекува да биде потпишан договорот со избраниот најповолен понудувач и од почетокот на следниот месец овој проект да буде во функција.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Исплата на субвенциите за тутун – првата недела во јуни, најави директорката Иротова
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Таг:2 500 денаризелена нафтајагнесубвенции
Претходен напис Димковски: Од следниот месец започнува активната заштита од град со авионско засејување на облаците
Следен напис Земјоделците годинава ќе ораат со 50% поефтина нафта, се подготвува мерката „Зелена нафта“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?