Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава во однос на лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава во однос на лани
Агровести

Раст од 9,4 отсто на индустриското производство во мај годинава во однос на лани

Објавено 30/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Индустриското производство во мај 2025 година е зголемено за 9.4 проценти во однос на мај 2024 година. Секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 18.8 проценти, секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 9.0 отсто, а секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 11.8 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство на: прехранбени производи, пијалаци, текстил, облека, хартија и производи од хартија, хемикалии и хемиски производи, основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, производи од гума и производи од пластични маси, електрична опрема, машини и уреди, на мебел и моторни возила, приколки и полуприколки. 

Според главните индустриски групи, производството во мај 2025 година, во однос на мај 
2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13.7 %, Капитални производи за 13.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.6 %,  додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 9.0 %.

Најголем раст има во производство на електрична опрема од 31.2 отсто, потоа производство на моторни возила, приколки и полуприколки од 21.8 и производство на машини и уреди од 18.4 отсто.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2025 година, во однос на периодот јануари – мај 2024 година, изнесува 103.3. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:9.4 отстоиндустриското производствоРаст
Претходен напис Објавен Јавен повик 08/2025 за доставување Барање за исплата на средства од Програмата за рурален развој за 2025 година
Следен напис За 5.1 проценти зголемен прометот во Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?