На денешната дебата на телевизија Телма имав можност да ги информирам сите земјоделци за дополнителни три денари со кои ќе бидат досубвенционирани за продаден килограм зелка кај регистрирани откупувачи.Оваа мерка е интервентна, покрај основната мерка според која земјоделците по хектар добиваат субвенција од по 30 илјади денари.
Меѓу позначајните работи кои ги споменавме е постапката за изградба на откупни центри која е во тек и веднаш откако во Собрание ќе се изгласа Законот за задолжување, ќе се започне со инвестиции во изградба на откупни центри во Скопје, Ресен и Струмица. Стратегијата за земјоделството, меѓудругото треба да биде сконцентрирана на градинарство, лозарство и овоштарство кои се конкурентни и извозно ориентирани. Затоа мора да се градат откупни центри, производителите поединечно или во задруги да имаат ладилници или калибратори.
Би сакал да посочам дека од почетокот на следниот месец започнува активната заштита од град со авионско засејување на облаците со сребрен јодид, со што ќе се спречи земјоделците да претрпуваат загуби поради невремето.
Фејсбук статус на Трајан Димковски – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
