Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
Агровести

Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков

Објавено 26/06/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

Губењето птичји видови, како што се атлантската рибарка, гугутката и големата дропла, ги доведува во прашање многуте функции што птиците ги извршуваат во природата – од намалувањето штетници до расејување на семето.

– Се соочуваме со криза на истребување птици, какво што нема видено во поновата историја. Повеќе од 500 видови – тоа е трипати повеќе од она што исчезнало претходниве 500 години. Тоа е шокантна бројка што не можеме да ја игнорираме, истакна д-р Кери Стјуарт од Универзитетот на Рединг, Англија, главна авторка на научното истражување.

Таа додаде дека со анализа на податоци за речиси 10.000 познати видови птици и користејќи проценки од Меѓународната унија за зачувување на природата (ИУЦН), научниците ги идентификувале главните двигатели на ова исчезнување. Тоа се: Губење на живеалиштата поради ширењето и сѐ поинтензивното земјоделството, климатските промени, ловокрадството и движењето на видовите коишто спаѓаат во грабливци, т.е. ловци. Сепак, хипотетички – дури и ако сите овие причини одеднаш исчезнат, околу 250 видови сепак би исчезнале, бидејќи веќе се на работ на истребување.

– Затоа, да нагласам: Пасивната конзервација веќе не е доволна. На многу видови им е потребна активна помош – програми за закрепнување, како што се одгледување во затворен простор, обновување на живеалиштата и повторно пуштање в природа, вели Стјуарт.

И проф. Мануела Гонзалез-Суарез, соавторка на трудот, предупредува:

– Спречувањето на заканите не е доволно. За дури 250 до 350 видови ќе требаат дополнителни, насочени мерки за заштита ако сакаме да ги спасиме во следниот век.

Веќе има примери за успешно закрепнување на загрозените видови, се вели во написот. Калифорнискиот кондор, најголемата птица во Северна Америка, исчезна во дивината во 1987 година – а само 22 единки преживеале зад решетки. Благодарение на внимателните програми за одгледување и пуштање, сега има околу 350 единки во природата.

Во Велика Британија, мочуришната чапја голем воден бик (лат.: Botaurus stellaris, којашто ја има и во Македонија), исчезна како птица за размножување во 19. век, кога мочуриштата беа исушени за земјоделски цели. По децениски обновувања на живеалиштата, бројот на мажјаци достигна 280 минатата година – што е највисок последниве 200 години.

– Не постои магично решение за кризата со истребувањето. Заштитата на природните подрачја и намалувањето на заканите се клучни чекори, но на некои видови им е потребно многу повеќе – интензивни програми за обновување – вклучувајќи и размножување, преместување на популацијата, или пак, дури и дополнително хранење, вели д-р Стјуарт Бјукарт, водечки научник во Меѓународната организација „Бирдлајф“ (BirdLife International).

Податоците од најновиот извештај за состојбата на птиците во светот покажуваат дека речиси 50 отсто од сите видови птици во светот се во опаѓање. Причините остануваат исти – уништување на шумите и природните ресурси, климатските промени, нелегалниот лов и влијанието на грабливците. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:500 видови птициИстражувањеисчезнат
Претходен напис Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга, првото повлекување на средства планирано за 2027 година
Следен напис Исплата на мерка 121 Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.1 набавка на добиток и тоа високо стелни педигрирани јуници за млеко, месо и комбинирани млеко-месо и месо-млеко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?