Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга, првото повлекување на средства планирано за 2027 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга, првото повлекување на средства планирано за 2027 година
Агровести

Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга, првото повлекување на средства планирано за 2027 година

Објавено 26/06/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вкупно 24 банки се дел од процесот на разгледување на проектната документација, за покажување интерес за финансирање на проектот за изградба на брза пруга долж Коридорот 10, од кои 22 банки веќе добија официјално барање за доставување понуда. Дополнително, уште две банки – НЛБ Словенија и една банка од Дубаи – покажаа интерес, и во моментов се во фаза на анализа на доставените материјали, информира министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.  

Димитриеска-Кочоска во подкастот „Каде се парите“ појасни дека НЛБ Словенија сака да настапи во форма на конзорциум и веќе е доставено барање и до нив. Истото важи и за банката од Дубаи. Сите овие банки се активно вклучени во процесот, особено по завршувањето на првичната фаза. Можам да кажам дека има солиден интерес и подготвеност за понатамошна соработка, рече министерката.

Целокупната документација добиена од „Железници“, преку Министерството за транспорт и Владата, е доставена до заинтересираните банки со цел запознавање со проектот, прибирање на информации и изработка на понуди. Министерството за финансии останува отворено за дополнителни појаснувања и комуникација со сите заинтересирани страни.

-Сè што е на располагање ќе го споделиме со цел процесот да биде транспарентен, да добиеме поконкретни понуди и – секако – најповолна каматна стапка за државата, истакна Димитриеска-Кочоска.

Во врска со буџетската динамика, министерката појасни дека не се предвидени средства за овој проект ниту во ребалансот за 2025, ниту во буџетот за 2026 година.

-Првите исплати се планирани за 2027 година, што е координирано и потврдено од Министерството за транспорт и од премиерот, нагласи министерката.

Во однос на понатамошната динамика, таа појасни дека како Министерство за финансии, по добиените понуди ќе се направи анализа и ќе се достави предлог до Владата, која ќе донесе конечна одлука за избор на најповолна понуда. Потоа ќе следува подготовка на Закон за задолжување, негово усвојување, а понатаму и постапки за јавни набавки од страна на надлежното ресорно министерство.

– Треба да се земе предвид и изборниот период, кој влијае на временската рамка. Затоа, не можам точно да предвидам колку време ќе биде потребно за сите следни чекори. Но, она што е важно е дека 2027 година е годината кога се планира првото повлекување на средства, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

МИА

Може да ви се допадне

СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Таг:брзата пругадве банкизаинтересиранифинансирање
Претходен напис Министерот Трипуновски очекува да се намали увозот на храна
Следен напис Истражување: Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?