Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дурмиши: Во завршна фаза е потрошувачката кошница, ќе биде реална и добро изработена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дурмиши: Во завршна фаза е потрошувачката кошница, ќе биде реална и добро изработена
Агровести

Дурмиши: Во завршна фаза е потрошувачката кошница, ќе биде реална и добро изработена

Објавено 26/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и економски мерки без простор за манипулции, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. 

Кои производи ќе ги содржи таа и нејзиниот износ ќе биде соопштено откако ќе се формира Економско-социјалниот совет (ЕСС).

На прес-конференција за отчет за работата во изминатата година, Дурмиши посочи дека кошницата ќе биде „реална, многу добро изготвена и со податоци од релевантни институции“ затоа што  таа што ја предложиле синдикатите, рече, содржи производи кои не спаѓаат во основни или кои не се трошат во одредени периоди од годината. 

-Таа што ја објавуваат синдикатите не е реална и соодветна кошница и бројките не се точни и затоа правиме нова, со реални податоци колку му треба на четиричлено семејство да троши на месец за храна, пијалаци и други потреби, рече Дурмиши одговарајќи на новинарско прашање. Додаде дека синдикатите земаат цени само еден од маркет, а кошницата што се подготвува ќе ги земе предвид цените од три до пет маркети и ќе биде земена просечната. 

Новата кошничка ќе биде доставена на првата седница на ЕСС, со која претседава тој, и  разгледана од работодавачите, синдикатите и Владата односно, рече, дали е прифатлива за сите социјални партнери. 

За намалување на ценовниот шок, рече министерот, се преземаат мерки кои треба да дадат долгорочни или среднорочни резултати. Една од нив е во соработка со МЗШВ –  поддршка на земјоделците и домашните производители што ќе придонесе за намалување  на цените на основните прехранбени и земјоделски производи зашто повеќе од 70 проценти сега доаѓаат од увоз.

-Затоа треба да ги поддржуваме со што директно ќе влијаеме на намалување на цените. Ќе дадеме предлог и маркетите да ги обележуваат производите што се домашни, додаде министерот Дурмиши. 

МИА

Може да ви се допадне

АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Таг:Дурмишизавршна фазапотрошувачката кошницареална
Претходен напис Забарана за тешки товарни возила од 1 јули до 31 август
Следен напис Министерот Трипуновски очекува да се намали увозот на храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?