Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отчет за сработеното во првата година на Владата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Отчет за сработеното во првата година на Владата
Агровести

Отчет за сработеното во првата година на Владата

Објавено 23/06/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Отчет за сработеното во првата година на Владата ќе одржат вечерва владините претставници во Скопје.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера на својот Фејсбук профил соопшти дека за една година покачиле пензии и плати, градат патишта, обезбедиле над 1.2 милијарди евра странски инвестиции и вработиле 1000 полициски службеници и нагласи дека развојот е возможен и на дофат, а најдоброто допрва доаѓа, плодовите на работата на Владата допрва ќе се чувствуваат.

Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа н

-Имаме уште многу работа, свесни за предизвиците на секојдневието и реалните проблеми на граѓаните, како што знаеме дека вие сте свесни што наследивме, дека чуда не се можни преку ноќ и дека не е лесно, но со истрајност, заедништво, труд и јасен план потпрен на темелите на развој кој ги поставуваме минатава година, развојот е возможен и на дофат, најдоброто допрва доаѓа, плодовите на нашата работа допрва ќе се чувствуваат. Секогаш блиску до народот и за граѓаните. Утре се гледаме на отчетот на првата година од Владата на промени во 20:00 часот. Една година од новиот почеток, една година градење темели, една година за тебе! Доаѓа Времето на Македонија! Ги градиме темелите на промените, истакна вчера Мицкоски. 

Како што посочи, првпат после седум години, учебната година 2024-2025 година почнала со испорачани учебници, над еден милион примероци биле поставени на училишните клупи, на првиот училишен ден и покрај краткиот рок.  Обезбедени се, напомена, 680 милиони денари буџет за наука во 2025 година, двојно повеќе од 2024 година.

-Одобрени се 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина, 500 милиони евра за бизнисот и капитални проекти за општините. Македонската економија на четврто место во Европа според растот на БДП, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска… и многу други работи. Имаме уште многу работа, свесни за предизвиците на секојдневието и реалните проблеми на граѓаните, како што знаеме дека вие сте свесни што наследивме, дека чуда не се можни преку ноќ и дека не е лесно, но со истрајност, заедништво, труд и јасен план потпрен на темелите на развој кој ги поставуваме минатава година, развојот е возможен и на дофат, најдоброто допрва доаѓа, плодовите на нашата работа допрва ќе се чувствуваат, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Собранието на 23 јуни минатата година со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“ ја избра Владата, на чело со Мицкоски. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата Вреди и ЗНАМ. Против Владата гласаа пратениците од СДСМ и Левица, а Европскит фронт ја напушти седницата кратко пред нејзиното завршување. 

Во Владата има вкупно 20 министерства. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри. Во владиниот состав има само три жени, министерките за финансии, за образование и наука и за енергетика, рударство и минерални суровини, Гордана Димитриеска Кочоска, Весна Јаневска и Сања Божиновска.

 Христијан Мицкоски е 13-тиот премиер, кој ја предводи 20-тата влада од осамостојувањето на државата.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ВладатаОтчетпрвата годинасработеното
Претходен напис Сончево и топло, следува период на значителен пораст на температурите
Следен напис Состојба на патиштата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?