Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен јавен повик за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Објавен јавен повик за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година
Јавни огласи и повици

Објавен јавен повик за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година

Објавено 20/06/2025
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сите заинтересирани субјекти дека е објавен Јавен повик бр. 02/2025 за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2025 година.

ДОСТАПНИ МЕРКИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА:

МЕРКА 1 – Финансиска поддршка во рибарството:

       •     Потточка 1.6 – Дополнителна заштита на рибите во риболовните води:

o   до 30.000 денари за заштита на риболовните ревири и рекреативни зони;

o   до 150.000 денари за заштита на риболовни зони;

o   до 400.000 денари за заштита на риболовни подрачја.

Средствата од Потточка 1.6 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за дополнителна физичка заштита на рибите која се врши во време на природен мрест на рибите.

       •     Потточка 1.7 – Набавка на опрема за заштита на рибите во риболовните води (до 30.000 денари);

Средствата од Потточка 1.7 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за набавка на опрема за видео надзор на риболовните води.

       •     Потточка 1.8 – Финансиски средства за отстранување на постоечките нарушувања на животната средина (до 60.000 денари).

Средствата од Потточка 1.8 се наменети за надомест на прифатливи трошоци за изведување на акции за чистење на препреки и отстранување на цврстиот отпад од и до риболовните води.

Право на користење на овие средства за МЕРКА 1 имаат концесионерите на рибите од риболовните води. Еден концесионер може да користи средства само за еден одреден период на природен мрест и забрана за риболов

МЕРКА 2 – Финансиска поддршка во аквакултурата:

       •     Потточка 2.2 – Финансиска поддршка за порибителен материјал (50% од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок).

Средствата од Потточка 2.2 се наменети за набавка на порибителен материјал за насадување на рибниците во период од 10 февруари до 31 мај и од 1 јули до 31 октомври 2025 година.

Право на користење на овие средства од Потточка 2.2 имаат:

•   Субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

•     Субјекти кои поседуваат дозвола за производство на порибителен материјал од рибник наменет за промет дување на рибникот.

МЕРКА 4 – Развој на нови пазари и промотивни кампањи:

       •     Потточка 4.1 – Финансиска поддршка за промоција на рибарство ;

Средствата од Потточка 4.1 се наменети за надомест на трошоци за промоција на производи од рибарство за традиционална посебност.

Право на користење на овие средства од Потточка 4.1 имаат рибарски и риболовни здруженија и концесионерите на риби.

       •     Потточка 4.2 – Финансиска поддршка за маркетинг и промоција на аквакултурно производство

Средствата од Потточка 4.2 се наменети за надомест на трошоци за промоција и маркетинг на аквакултурното производство и спроведување на национални кампањи за промоција и маркетинг за производи од аквакултура.

Право на користење на средства од Потточка 4.2 имаат субјекти регистрирани за дејност аквакултура и се запишани во регистарот на одгледувачи на риби што се води во Министерството и/или организации на производители запишани во Регистарот на организации на производители кој се води во Министерството.

Министерството ги повикува сите заинтересирани субјекти да се запознаат со деталните услови и критериуми утврдени во Јавниот повик и навремено да ги достават своите барања.

МЗШВ

Може да ви се допадне

До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
УЈП: Истекува рокот за проверка и потврда на годишните даночни пријави за остварените приходи за 2025 година
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Таг:2025 годинааквакултуратајавен повикрибарствотофинансиска поддршка
Претходен напис Во мај годишен раст од 12,2 проценти на вкупните депозити и од 12,1 процент на вкупната кредитна поддршка
Следен напис Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?