Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: АД МЕПСО: Земјоделците безбедно да ракувааат со системите за наводнување на површини во близина на далеководните траси
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > АД МЕПСО: Земјоделците безбедно да ракувааат со системите за наводнување на површини во близина на далеководните траси
Агровести

АД МЕПСО: Земјоделците безбедно да ракувааат со системите за наводнување на површини во близина на далеководните траси

Објавено 13/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далеководите од преносната мрежа.

– Од исклучително значење е земјоделците да се придржуваат кон следните упатства: не поминувајте со комбајни или друга робусна земјоделска механизација под проводниците, не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далеководните траси, не ги кревајте во височина металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далеководите бидејќи металот е проводник на електрична енергија, не ги поставувајте прскалките за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далеководите од преносната мрежа. Допирот на водениот млаз со проводните јажиња може да биде кобен по животот на луѓето кои се наоѓаат под трасата на далеководот, стои во соопштението.

Од АД МЕПСО нагласуваат дека не треба да се палат стрништа во близина на далековод бидејќи се загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем

– Дополнително апелираме спортските риболовци да бидат особено внимателни при манипулација со риболовните стапови во близина на далеководи, а граѓаните да не вршат градежни работи на трасите на далеководите, под јажињата за пренос на електрична енергија. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопствениот живот и за животот на другите. Не загрозувајте ја доверливоста на електропреносниот систем, се велу во соопштението од АД МЕПСО. 

МИА

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:АД мепсодалеководните трасиЗемјоделцитенаводнувањесистемите
Претходен напис Министерот Трипуновски ја посети компанијата „Агриа“
Следен напис Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?